Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, ја оцени како државен удар одлуката на претседателот на РМ, Ѓорге Иванов, да не му го ддодели мандатот за формирање влада.
-Иванов со одлуката да не го додели мандатот изврши државен удар. Иванов ја внесува Македонија во длабока криза со несогледливи последици. Тој ја негира мнозинската волја на граѓаните и 67 потписи и спречува легален и легитимен трансфер на власта. Иванов уште еднаш се стави во улога на заштитиник на Никола Груевски и групата околу него. СДСМ и јас нема да дозоволиме никој да си игра со иднината на државата за лични политички и криминални цели, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев по одлуката на Ѓорге Иванов да не го даде мандатот.
Ги повикувам граѓаните да не подлегнуваат на никакви провокации, да останеме смирени,на линија на демократските процеси кои водат кон нова реформска влада во Македонија.
-Сето ова што сега се случува сме го виделе од Никола Груевски и Ѓорге Иванов, Груевски тоне но нема да дозволиме да потоне и Македонија, рече Заев.
Иванов мора да ја повлече одлуката и ведаш да го додели мандатот, не смее да ја игнорира мнозинската волја на граѓаните преточена во 67 мандати и да ги кочи демократските процеси во Република Македонија.
Има решение и за оваа состојба, но трезвеноста и мудроста на народот не донесе до промена на режим со пенкало и така треба да прдолжиме. Со трезвени и мудри глави, полека, чекор по чекор, ќе дојдеме до демократска Македонија, рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.