| четврток, 6 декември 2018 |

Камен околу вратот на Македонија

Роден на: 2 декември 1957 година во Скопје

Образование: Правен факултет во Скопје

Професија: Гробар на Македонија

Љубомир Данаилов Фрчковски е име кое се врзува со сите темни настани од осамостојувањето на Македонија. Еднаш како експерт, другпат како политичар тој учествувал во сите штетни настани во историјата. На македонската политичка сцена го лансира Бранко Црвенковски и тоа како министер во неговите криминални влади. Заедно со уште неколку личности од СДСМ е најматниот лик кој некогаш Македонија го имала.

Неговата биографија го потврдува тоа. Како темен облак кој секогаш бил надвиснат над Македонија. Како камен околу вратот. Вгнезден тука некаде, во сивилото, 27 години ја држи лопатата над гробот на Македонија. Од Во периодот од 1991 до 1997 година бил министер во владата на Бранко Црвенковски, од 2000 до 2001 година извршен директор на Фондацијата за стратегиски истражувања, бил и Советник на Претседателот на Република Македонија за уставни прашања и кандидат на СДСМ за претседател на Република Македонија на изборите во 2009 г. Фрчкоски бил еден од експертите вклучени во подготовката на Уставот на Република Македонија од 17 ноември 1991 г., но и на амандманите на Уставот од 2001 година.

Овој човек во минатото покажа дека е подготвен за личен интерес да кумува со шверц, кршења на ембарго, да продава државни и национални интереси, да корумпира и нуди поткуп.

Гледајќи наназад, оваа солена чорба која денес ја сркаме можеби е зготвена токму во казанот на овој темен лик и неговиот поданик – Јуда Муртински.

Фрчковски беше прв кој ја промовираше идејата за Албанец премиер.

Kонцептот да се составува влада од една поголема коалиција и да има ротирачки премиер. Што значи ротирачки премиер? Тоа значи Албанец би дошол на премиерското место циклусно за две години, истакна Фрчкоски.

Фрчковски прв тргуваше и со името. Повторно го чешаат милионите долари за промена на името на државата. Овојпат благодарение на слугата од Муртино им го чувствува и мирисот, па со плунката која му надоаѓа во устата, растат и апетитите и нервозата.

Оваа година е потребен влез во НАТО и затоа мора нешто да се направи по прашањето за името, изјави тој во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на „Телма“.

Со американските партнери ние мора нешто да направиме за името и влез во НАТО оваа година. Нешто мора да се направи на тој план. Влез во НАТО ќе не дигне на едно ново ниво. Тука нешто мора да се направи, дали со решение за името, дали со ФИРОМ, како не знам, ама ќе има начин ќе има шанса, ќе се постави на маса тоа и треба таа шанса да ја грабнеме. Нас ни треба НАТО оваа година – вели Фрчковски.

Со ова Фрчковски практично го открива и вториот дел од планот на Зоран Заев, кој покрај воведување на двојазичност и федерализација на Македонија, планира да го промени и името на државата.

Она што не можеше да ѝ го протне на цврстата македонистичка власт, Фрч профитерот му го поттурна на Јуда Муртински, а овој властољубец и среброљубец како тазе леб го проголта.

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top