На вчерашната емисија ,,24 Анализа” на телевизија 24 -Вести универзитетскиот професор, Љубомир Фрчковски,близок до актуелната власт на СДСМ истакна дека мора да има судење на судии и судиите мора да се соочат со кривични пријави, почнувајќи од бившиот претседател на Основен суд 1 до Врховниот суд.
-Нашите до ден денеска ако го забележите начинот на изразување,не можеа да кажат судење на судии.Највеќе што завршуваа завршуваа до смена на судиите,кои се проблем и правеле проблеми.Они не го изречуваа дека тие судии мора да се соочат со правда,мора да ги судат,мора да има кривични пријави од условно да кажам сега бившиот претседателот на кец,до Врховниот суд,зошто да не. Мора да се направи листа од оние судии кои направиле кривични дела, оние кои ја оневозможиле и опструирале правдата,независно што биле во позиција најтешка,најболна да ја спроведуват истата,рече Фрчковски.
Според Фчкоски за нив треба поостри критериуми,не поблаги критериуми,бидејќи тие највеќе изневериле. Фрчкоски вели дека треба да се судат и да им се забрани да извршуваат функција. Тој вели дека треба да се судат судиите и дека тоа е многу важен потик кој овој извештај се додава.
-И јас имислам дека освен судење на мафијата, односно на судење на постапките кои СЈО ги води,после веројатно локалните избори,таа промена во Републичкиот судски совет и избор на нов состав на советот,тој најверојатно ќе смени,после тоа за очекување е едно 20 судии кои се третираат како најкорумпирани,директно партизирани,на основа на нивната нестручност и партизираност во работата,посочи Фрчковски.
Ценејќи ги препораките во извештајот на Прибе, тој вели:
-Веројатно нема да се оди на никаков поширок генерален реизбор,па и тој го вели дека такво нешто е многу тешко,но смената на едно 30 судии,англичаните викаат измешува реакција и потоа целиот систем како брана да пука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)