Ако Заев заради власт биде подготвен да ги продаде интересите на македонскиот народ, зошто тогаш не би бил дел од албанскиот заговор против Србија? Oва за српски „Информер“ го тврди потполковникот на КОС во пензија, Љубан Каран, додавајќи дека сево ова е последица на стратегијата на Западот за нарушување на мирот на Балканот.
– Јасно се гледа дека нападите врз Србија ги креира моќна рака од Западот. Ако само Србија искрено сака мир, мали се шансите да се зачува и покрај отстапките – вели Каран за „Информер“.
Дневните весници во соседна Србија се преполни со наслови и написи против идејата и волјата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да ги прогласи Србите за геноциден народ. Според Заев, Србите извршиле наводен геноцид врз Албанците во Македонија во периодот од 1912-1956 година. Ваквите егзибиционистички политики на Зоран Заев, кои се на пат да ги доведат односите меѓу Македонија и Србија до ниво на експлозија, имаат единиствено за цел додворување на албанските партии преку исполнување на платформата од Тирана за влез со него во Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.