| четврток, 6 декември 2018 |

Паднал договор СДСМ – ДУИ: Заев да не одговара за „Поткуп“, а терористите за „Диво Насеље“ и за „Монструм“

Се разјаснува ли договорот меѓу СДСМ и ДУИ? Прифаќањето на албанската платформа од Тирана претставува само еден дел од договорот меѓу СДСМ и ДУИ со кој Зоран Заев ги добил потребните потписите за добивање на мандатот, велат добро упатени извори од албанскиот етнички кампус, пишува „Журнал“.

Според нив, двојазичноста во целата држава и бинационалниот изглед на сите национални обележја биле само дел од договорот за добивање на потписите за Заев да стане мандатар. Сѐ погласни се шпекулациите меѓу Албанците дека одредени албански политичари информирале дека паралелно со платформата било договорено и ослободување за двете страни, односно ослободување на Зоран Заев во случајот „Поткуп“ за сметка на ослободување на терористите од Диво Насеље во Куманово и од случајор „Монструм“ во кој беа убиени четири деца и еден повозрасен цивил.

Тоа, според извори од албанскиот политички блок, претставувало голем успех за Албанците од причина што ќе се ослободеле осудените и осомничени терористи и тоа би претставувало уште една победа на Албанците во државата. Како што велат неофицијалните информации од добро упатени извори, на преговорите без некоја значајна дискусија било прифатено ова барање од страна на СДСМ со единствено барање на сметка за тоа Албанците да прифатат и ослободување на лидерот на СДСМ во случајот „Поткуп“, каде што Заев, според снимките објавени во јавноста, со обвинува за барање поткуп со веќе познатиот принцип „едно евро за Вицето“ за вкупна сума од 200 илјади евра.

Леснотијата на прифаќањето на ова барање за ослободување на терористите била со изненадување прифатена од албанските политичари, кои иако го поставиле ова барање, сметале дека тоа многу тешко ќе биде прифатено од страна на СДСМ. Но, наспроти тоа, тоа било веднаш прифатено со образложение дека ќе бидат разрешени сите судии и обвинители во државата и на нивно место ќе се именуваат судии и обвинители што ќе работат како што ќе им биде кажано, по што за едниот случај ќе се барало повторување на постапката, а за другиот случај ќе се решавало во тек на постапката.

По ова образложение од СДСМ, според неофицијални информации, веќе се прават листи на осуденици и на осомничени, кои треба да бидат ослободени според партиски договор, а не според судски одлуки и закон?!?!

Дали оваа шокирачка информација е причина за криењето на договорот од страна на СДСМ, што е постигнат за добивање на потписите за мандатар останува да се види. Премногу е симптоматично тоа што овие неофицијални информации може да се поткрепат и со многу факти и случувања во изминатиов период.

Јавноста се сеќава дека веднаш по терористичкиот напад во Диво Насеље каде што припадници на македонските вооружени сили беа убиени од терористичката група, лидерот на СДСМ отиде да се слика со Албанците токму во оваа населба. Јавноста, исто така, се сеќава и на големиот број настапи на СДСМ, а поврзани со случајот „Монструм“ односно масакрот кај Смиљковско Езеро кога брутално беа убиени недолжни македонски граѓани, како и на јавно даденото ветување на СДСМ дека ќе направи чистка во судскиот систем, односно ќе именува нови судии и обвинители. Дали е ова вистинската причина за криење на паднатиот договор?!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top