И поддржувачите на СДСМ не се согласуваат со прифаќањето на Платформата од страна на Зоран Заев. Универзитетскиот професор и учесник во Шарената револуција, Љупчо Ристовски во гостувањето во „Топ Тема“ на телевизија Телма, изјави дека сега никако не е време да се зборува за Платформата на албанските партии.
Тој смета дека СДСМ со прифаќањето на платформата серизно го губи авторитетот, и само ја зацврстува положба на ВМРО-ДПМНЕ кај македонското гласачко тело.
-Колку повеќе СДСМ инсистира да им удоволи на екстремните барања, СДСМ ќе тоне се повеќе и повеќе, затоа што удоволува на барања за кои немаме сериозен општествен договор, ниту па сериозен општествен разговор, смета професорот Ристовски.
Професорот Ристовски призна дека прес-конферциите на СЈО се за да се оттргне вниманието на јавноста од темите како Платформата и двојазичноста.
-Да не е СЈО да се појави, јавниот дискурс кој е? Платформата, двојазичноста, протестите, изјави професорот Ристовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.