| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирана книгата „ВМРО 1893-1903 Поглед низ документи“ на Ванчо Ѓорѓиев

Пред поголем број почитувачи на пишаниот збор, во Домот на култура „Илинден“, во Општина Илинден, беше промовирана книгата „ВМРО 1893-1903 Поглед низ документи“, на авторот Ванчо Ѓорѓиев.

Промотор на книгата беше проф. д-р Далибор Јовановски, кој истакна дека објавувањето на овој документарен зборникот со 153 документи е значаен историски документ бидејќи годинава се навршуваат 120 години од основањето на Македонската револуционерна организација и 110 години од Илинденското востание.

IMG_0019

Свое пригодно обраќање пред гостите, меѓу кои беше и градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, имаше и авторот Ванчо Ѓорѓиев, кој по завршувањето на промоцијата оствари средба со своите читатели и на љубителите на пишаниот збор им потпиша неколку примероци од својата книга.

Со пригоден подарок  градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски, му се заблагодари на авторот Ванчо Ѓорѓиев за промоцијата на своето дело на 14-та Литературна манифестација „Илинден 2013“.

IMG_0040

Ванчо Ѓорѓиев е македонски историчар и професор на Филозофскиот факултет на катедрата за историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје. Неговиот научен интерес првенствено е насочен кон Македонското револуционерно националноослободително движење од крајот на XIX и почетокот на XX век.

Промоцијата се одржа во рамките на 14. Литературна манифестација „Илинден“, на која утре, исто така во Домот на култура „Илинден“, со почеток во 12 часот ќе биде промовиран светскиот хит, книгата „И планините одекнаа“ на најчитаниот американски автор во светот со авганистанско потекло, Халид Хосеини. Промотор на оваа книга ќе биде Марија Петровиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top