Стојанче Ангелов од „Достоинство“ го повика Зоран Заев да не ја прифаќа платформата на Албанците.
– Го повикуваме Претседателот на СДСМ, Зоран Заев како следен мандатар да биде внимателен и да си го одржи ветувањето дека нема да биде прифатено ниту едно барање од т.н. Тиранска платформа која излегува од рамките на Уставот на Република Македонија како и надвор од потребите на македонските граѓани, оцени Ангелов од партијата.
По договорот на Заев ова е прва реакција на Ангелов , кој што неколку пати е баран за став од неколку редакции. Неговиот молк, се зборува, се должи на неговата заложничка поставеност, односно дека Заев и СДСМ и него, како и други политичари и интелектуалци, се уценувани со нелегално снимените разговори.
Така, Ангелов нема став за договорот на Заев со ДУИ за двојазичност на Македонија, промената на химната, знамето и националниот грб, промена на парите и воведување на високи казни за непотреба на албанскиот јазик, негово воведување во безбедносните структури, па преку социјалните мрежи напиша дека унитарноста на државата не била загрозена. Прашање е, ако веќе унитарноста не е загрозена, и ако за него се прифатливи договорените ставки од сеалбанската платформа што Заев ги утврди токму со партиите- потписнички на таа платформа, зошто тогаш бара од Заев „да си го одржи ветувањето“? И тоа во ист ден; Ангелов додека бара од Заев да не ја прифати платформата, истовремено пишува статус во кој вели дека унитарноста не е загрозена.
Остана ли само Ангелов и уште неколкумина кои му се придружија на Заев во лажната борба „за слободата и демократијата“ да му веруваат на зборот на Заев?
Ќе го праша ли Ангелов отворено Заев, макар и преку социјалните мрежи, што тоа договорил од тиранската платформа во замена за потписи за мандат?
Или за тоа ќе молчи, верувајќи му на зборот на Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.