| четврток, 6 декември 2018 |

Несторовски е еден од најфаулираните фудбалери во Европа!

Со осумте фаули на „Висенте Калдерон“ кај Атлетико Мадрид, Нејмар се искачи на првата позиција како најфаулиран фудбалер во најсилните првенства ширум Европа. Бразилецот „настрадал“ во 90 наврати на 20 натпревари, што во просек значи дека е фаулиран 4,5 пати по натпревар.

На второто место е фудбалерот на Инголштад, Дарио Лезано, кој заработил 82 фаули на 21 меч или 3,9 по натпревар. Следува Андреа Белоти со 81 фаул на 23 меча, односно 3,5 по натпревар, а веднаш зад него е Папу Гомез од Аталанта, кој предизвикал 76 прекршоци на 26 натпревари (2,92 по натпревар).

На петтата позиција се наоѓа македонскиот напаѓач и фудбалер на Палермо, Илија Несторовски, кој изнудил 75 фаули на 26 меча, или 2,88 по натпревар. Зад нашиот интернационалец се наоѓаат имиња како Азар, Витоло и Диего Коста, кој ја заокружува листата на ТОП 15 фудбалери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top