„Граѓаните гледаат дека Зоран Заев е зло за Македонија. Што побргу тоа зло си замине од власт, подобро за сите. Залудни се навредите. Македонија ќе оди напред и во ЕУ и во НАТО , но без неспособното, расипничко и антидржавно злосторничко здружение предводено од Зоран Заев“ велат од ВМРО ДПМНЕ.
Според нив, Зоран Заев и СДСМ се во паника. Во паника бидејќи нивната антидржавна и антимакедонска политика е прочитана.
„Зоран Заев и СДСМ се во паника затоа што се фатени на дело како крадат 45 милиони евра од граѓаните само за неколку дена. Нема човек што не виде како си поделија 10,5 милиони евра на фирми каде сопственици се Кочо Анѓушев, Хари Локвенец, разни снаи, пријатели или синчиња на локални функционери.
Во паника се заради тоа што беа откриени како сакаат да и дадат 35 милиони евра на фирма основана пред четири месеци, која нема никакво искуство во здравството.
Во паника се бидејќи се фатени во криминал.
Зоран Заев и СДСМ се во паника затоа што се откриени дека криминалот го покриваат со потпишување на капитулантски договори и распродажба на највисоките национални интереси.
Затоа Зоран Заев и СДСМ имаат проблем и мора да бараат предавници на ко ќе им лепат етикети дека се против ЕУ и НАТО интеграциите.
Колку и да лажат вистината е една. За криминалите ќе одговараат кога ќе се врати правната држава. Граѓаните секојдневно гледаат дека нема ни реформи , ни прогрес со криминалниот картел на власт. Со криминалниот картел на власт може да се очекува само уште поголем и побрутален грабеж и анархија“ се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.