| четврток, 6 декември 2018 |

Заев дели жолти картони во СДСМ: Закани за членовите кои учествуваа на Маршот

Бидејќи голем број членови и симпатизери на СДСМ се одѕваа на синоќешниот собир на Граѓанската иницијатива за заедничка Македонија, револтирани од погубните и предавнички политики на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, уште синоќа во сите скопски ограноци на СДСМ стигнала наредба да се стапи во контакт со сите членови на СДСМ кои биле на собирот на граѓанската иницијатива и да им се каже дека имаат добиено жолт картон за присуството и дека следно појавување на такви собири ќе значи добивање на црвен картон и казна за секој што нема да ја почитува наредбата на партијата.

Членови на партијата велат дека во наредбата било побарано да им биде укажано дека раководството забранува да присуствуваат на овие собири кои биле на штета на претседателот Заев и партијата.

Истата наредба од Бихаќка утрово стигнала и до партиските ограноци во Кичево, Прилеп, Штип и Битола, бидејќи доцна синоќа Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија најави дека и во овие градови ќе се одржуваат собири.

За членовите и поддржувачите на СДСМ ваквите закани се загрижувачки и се знак во каква состојба се наоѓа партијата. Тие се разочарани од односот на партискиот врв и коментираат дека ваквите закани само дополнително ги стимулираат да излезат на граѓанските собири кои имаат за цел праќање на јасен сигнал за патриотското чувство на Македонците. Тие сметаат дека СДСМ никогаш досега не била на пониско ниво од ова што е сега и дека не можат да си ја препознаат партијата во која со години работеле. Ваквите закани од партискиот врв, велат тие, се доказ дека раководството не се бори за демократија туку за диктатура и дека никој нема право да им кажува како тие треба да размислуваат за сопствената држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top