| четврток, 6 декември 2018 |

Браво Раниери, со потегот што го направи засекогаш ќе остане во срцата на навивачите на Лестер

ranieri

Клаудио Раниери, менаџерот кој на Лестер Сити му донесе историска титула во Премиер лигата, иако пред неколку денови доби отказ од раководството на клубот, вчера докажа колку му значи Лестер, клубот и фановите.

Всушност, Италијанецот поради отказот доби обештетување од три милиони фунти, а знаете ли што направи со овие средства? Половина од оваа сума, поточно 1,5 милиони фунти ги донира во добротворна организација зад која стојат навивачите на Лестер Сити.

Навистина доста хуман и човечен потег на легендарниот стратег, кој дефинитивно заслужува споменик пред „Кинг Пауер“ стадионот во Лестер.

ranieri 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top