| четврток, 6 декември 2018 |

Назор: Недозволиво е ваква неодговорна игра

mzt skopje

МЗТ Скопје Аеродром одигра очаен натпревар против Игокеа (67-71) и повторно си го загорчи животот во пресрет на двете решавачки кола и борбата за опстанок во АБА – лигата. А, како играат „металците“ оваа сезона, добро е што и тие малку гледачи се уште доаѓаат во „Јане Сандански“ да ги гледаат нивните мизерни изданија. Тренерот Анте Назор, разочаран по поразот, вели дека неговите кошаркари играле неодговорно и не биле доволно борбени.

– Ова беше наполно заслужена победа на Игокеа. Факт е дека повеќе се бореа, а ние истовремено покажавме неодговорност. Недозволиво е вака да се игра, пoради што ја преземам одговорноста за овој пораз. Навивачите и менаџментот на клубот не заслужуваат да гледаат ваков меч, без борбеност и одговорност. Не смеевме вака да се однесуваме, разбирам и нервоза и грешки, но да нема борба, тоа не можам да го сфатам. Остануваат уште два натпревари до крај и верува дека ќе успееме да обезбедиме опстанок во АБА – лигата – изјави по поразот, тренерот Анте Назор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top