Рафаел Надал ијзави дека ја почитува одлуката на својот долгогодишен тренер Тони Надал кој одлучи да се повлече на крајот на сезоната. Тони воедно му е и чичко на Рафаел Надал и покрај него е во текот на целата кариера.
– Тони има целосна слобода како што имал и секогаш, сам да носи одлуки и да го избере тоа што го прави среќен. Како што рече, тој сега има други приоритети и јас ја почитувам неговата одлука. Академијата е многу амбициозен проект, а тој покрај тоа има и семејство. Јас се чувствувам подобро кога луѓето што ги сакам се среќни. Бидејќи, пред се тој е мој чичко. Цел живот е покрај мене и со него отсекогаш имав поинаков однос отколку со другите роднини – вели Рафаел Надал.
Шпанскиот тенисер се уште не одлучил дали на местото на својот чичко ќе ангажира друг тренер.
– На крајот на годината ќе се состанеме со Франциско Роиг и со Карлос Моја и ќе се договориме. Се уште не знам дали ќе ми биде потребен некој нов во тимот – истакнува Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.