| четврток, 6 декември 2018 |

Заев ја турка Македонија во конфликт со Србија

Кандидатот за премиер на Македонија, Зоран Заев, за да формира нова власа, се согласил заедно со Албанците да ја обвини Србија за геноцид кој наводно е направен од 1912 до 1956 година

 

Лидерот на СДСМ и кандидат за премиер, Зоран Заев, склопил скандалозоен договор со тамошните албански партии да ја поддржи нивната декларација со која Србија се обвинува за „геноцид“ над Албанците, наводно направен од 1912 до 1956 година, револтирано пишува српскиот портал Информер.

Поддршката на новото неаргументирано страшно обвинвање против Србија и Србите, било услов на албанската партија ДУИ да ја поддржи новата влада. И Зоран Заев тој услов го прифатил без збор.

Редакцијата на Информер апелира државниот врв на Србија веднаш да повлече контрамерки доколку се усвои декларацијата со која Србија би се обвинила за геноцид во Македонија.

„Потребно е веднаш да се повлече прознавањето на Македонија под името Република Македонија и оваа држава да се признае под иметот под кое ја прознаваат и другите држави – Поранешна Југисловенска Република Македонија или ПЈРМ“, стои во апелот на редакцијата, која е револтирана што Зоран Заев, „како и многу политичари во регионот мисли дека Србија и Србите може до недоглед даи неказнето да ги понижува“.

Информер се повикува на вестите на „Република“ дека Заев заради власт е подготвен да ја промени историјата на земјата и да го прифати албанскиот историски фалсификат, според кој во Македонија отсекогаш живееле Албанци и тоа во голем број, но сега има значително помалку, зашто се истребени од страна на „српскиот окупатор“.

Порталот Информерс цитира македонски медиуми кои објавија дека Заев го информира ЦО за овод срамен антисрпски пакт, а тој го профатил предлогот со прегласување.

Бидејќи членовите на ЦО ја профатиле оваа одлука со негодување, Заев во образложението се обидел да ја спушти топката и нагласил дека тоа не е толку опасно за Македонците, бидејќи вината ќе паднела врз Србите и српската власт која во тоа време владеела во тогашна Вардарска Македонија.

На острите критики на неколкуте члена на ЦО Заев одговорил со тезата дека доколку Албанците не биле убивани меѓу двете светски војни, ќе биле побројни и со тоа уште во почетокот, кога се конструирала државата би влегле како конститутивен народ во Уставот.

Сепак, ниту овие небулози не биле прифатени, како што не било прифатено ниту образложението на Заев за вината да им се префрли на Србите па штетните решенија од договорот за коалицирање со ДУИ не поминале едногласно.

Со сето ова, Заев практично ја менува историјата на Македонија и ги прави Албанците дека отсекогаш биле овде, исто како и Македонците. Тој обвинува дека биле истребени и затоа се сега помалку на број.

Инаку, Заев ги информирал сопартијците дека дел од пакетот што го договорил за да ги обезбеди потписите на ДУИ  на договорено било во втора фаза да се разговара и за промена на химната грбот и знамето, како и воведување на двојазицни бакноти.

Заев вчера одбил да одговори на прашањата на Информер.рс, а од СДСМ им порачале дека тврдењата на македонските медиуми се лага. Сепак, одбиле конкретно да ја демантираат информацијата и да кажат јасно и гласно дека нема да ја обвинат Србија за геоцид.

0-02-05-6960a590d5cc7f8d8a4ed9270f722ba6654f3e775c936938f267f1b1f4732a5a_full

Македонија станува дел од Албанија

Освен што се согласил да ја обвини Србија за геноцид, Зоран Заев, пишува Информер, во преговорите со ДУИ се согласил и албанскиот јазик да стане официјален јазик во Македонија. Тоа конкретно значи, појаснува српскиот портал, дека во земјата се ќе биде испишано на два јазика, од името на државата на граничните премини преку називите на институциите до текстот на банкнотите.

Исто така, македонскиот јазик ќе стане задолжителен во Собранието, на телевизија и во сите државни и јавни установи.

На крајот, пишува порталот, Зоран Заев се согласил да ги промени државните симболи знамето, грбот и химната за во нив да вткае „албански елементи“.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски, за Информер потврдил дека во „Македонија се одвива неморално сценарио кое ја заобиколува волјата на мнозинството граѓани“.

– Тоа сценариот треба да резултира со редефинирање на државата и уништување на македонскиот идентитет. Неговата основа е обединување околу платформата од Тирана и рифаќање на условите наметнати од албанските политички партии. Немаме прецизни податоци што е договорено меѓу СДСМ и ДУИ, но повеќето теми изложени во јавноста за нас се целосно неприфатливи. Ќе сториме се што треба за да го спречиме ова сценарио, рекол Котевски за Информер.

Шефот на српската дипломарија Ивица Дачиќ порачал дека Македонија, ако ја усвои политиката „за српски геноцид“, ќе предизивка сериозен скандал.

-Ако е ова вистина, тогаш тоа ќе остави тешки последици. Србија адекватно и реципрочно и цврсто ќе одговори.

Потполковникот на КОС во пензија Љубан Каран за Информер вели дека сево ова е последица на стратегијата на Западот за нарушување на мирот на Балканот.

-Ако Заев заради власт биде подготвен да ги продаде интересите на македонскиот народ, зошто тогаш не би бил дел од албанскиот заговор против Србија? Јасно се гледа дека нападите врз Србија ги креира моќна рака од Западот. Ако само Србија искрено сака мир, мали се шансите да се зачува и покрај отстапките, вели Каран за Информер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top