| четврток, 6 декември 2018 |

Турците во Македонија загрижени и загрозени: Одлуките на Заев се кобни за безбедноста на Македонија

Имајќи ја предвид дикцијата на преамбулата на Уставот на Р. Македонија во која припадниците на немнозинските заедници се дефинирани како делов на албанскиот, турскиот, ромскиот, српскиот, бошњачкиот и влашкиот народ во Р. Македонија давање на ексклузвни права на една етничка заедница ја нарушува еднаквост на граѓаните и помалкубројнте еднички заедници загарантирана со Уставот на РМ и ги става во подредена положба.

Од тука сосема се разбирливи реакциите на припадниците на турската заедница кои ваквите решенија ги сметаат како вешта полтичка манипулација која може да предизвика дополнителни тензии и конфликтност со далекусежни последици по стабилноста на Р. Македонија и регионот во целина. За ДПТМ ваквите решенија се неприфатливи, далеку од толку прокламираниот граѓански коцепт на државата, спротивен на Уставот и духот на Рамковниот договор од Охрид. ДПТМ и понатаму ќе се залага за силна, стабилна, просперитетна и унитарна Р.Македонија во која подеднакво ќе се чувствуваат сите нејзини граѓани независно од нивната национална, верска или било која припадност.

turska partija

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top