| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот на Солун: Не ми е гајле кој кого колел

„Не ми е гајле кој кого колел, Турците се добредојдени во родниот град на Ататурк”.

Ова го изјавил градоначалник во Солун Јанис Бутарис, отворајќи ги вратите за Турците кои сакаат да го посетат родното место на основачот на турската демократија Кемал Ататурк.

Бутарис рече дека Солун ги отворил вратите за Турците, бидејќи тоа е родното место на Ататурк и куќата е каде што тој е роден, сега е музеј кој се посетува од илјадници Турци секоја година.

– Не ми е гајле ако тие велат дека Турците колеле Грци и сето тоа – изјави градоначалникот на Солун.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top