| четврток, 6 декември 2018 |

Габриел им упати отворено писмо на Турците во Германија

Шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, во отворено писмо до Турците кои живеат во Германија им ја објасни промената на политиката на Берлин кон Анкара, порачувајќи дека тоа нема да влијаа врз нив.

-Колку и да се тешки политичките односи меѓу Турција и Германија, едно е јасно: Вие, луѓето со турско потекло во Германија, припаѓате овде со нас, било да имате германски пасош или не- напиша Габриел во отвореното писмо објавено во високо тиражниот весник „Билд“.

Тој наведе дека пријателството меѓу Германците и Турците е големо богатство и додаде дека Берлин секогаш тежнеел кон добри односи со Анкара затоа што знае колку е тоа важно за трите милиони Турци кои живеат во Германија.

-Но сега невини германски државлјани се во затвор. Како германска Влада не можеме тоа пасивно да го набљудуваме. Мораме да ги заштитиме нашите државјани- наведе Габриел во писмото објавено на турски и германски јазик.

Заради овие причини се менува политиката на германската Влада кон Турција, рече Габриел и додаде дека Берлин ќе ја преиспита и соработката во економската помош за Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top