| четврток, 6 декември 2018 |

Кривични пријави за двајца Турци: Со фалц евра купиле мобилен во Охрид

Охридската полиција поднесе кривична пријава против А.А. (25) од Дијарбакир, Турција, со престојувалиште во Битола и И.К. (23) од Дијарбакир, Турција, со престојувалиште во Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување пари.

А.А. и И.К., при купување на половен мобилен телефон од Б.К. (23), платиле со три фалсификувани банкноти од по 100 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top