Коце Трајановски, градоначалникот на Скопје и министерката за култура Елизабета Канчевска-Милевска денеска ја отворија постојаната поставка во Музејот на старата скопска чаршија, која е сместена во просториите на Сули Ан.
Постојаната музејска поставка ја претставува историјата на чаршијата и вредностите кои произлегле од неа, од 11 до 12 век до денес. Во скопската чаршија основни и доминантни биле три стопански гранки: занаетчиство, трговија и угостителство од кои посебен белег на Чаршијата и давало занаетчиството.
Токму занаетите кои живееле во Скопската чаршија најмногу се претставени во поставката, како казанџиството, папуџискиот, сарачко-седларскиот занает, срмаџиството…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.







