| четврток, 6 декември 2018 |

Држава создадовме во 1991 година, а сега по 26 години, некој ќе ја кити со нови симболи

sotir-kostov-1

Поранешниот јавен обвинител, аналитичар и правник, Сотир Костов, за актуелните случувања во Македонија пишува дека ова што и се случува на државата е  „враќање на почеток“ и безобразен меѓународен скандал.

– Боли ова балканска состојба. Без потреба, повторно и повторно враќање на почетокот. Држава создадовме во 1991 година, и сега, после 26 години, некој ќе ја кити со нови симболи. Разумен човек, уште ако е и човечен, од постојани барања за се повеќе човекови права, базирани на невистинита и претпоставена рамноправност, ќе почне и туѓата параноја да ја чувствува како своја дијагноза, пишува Костов.

– Сето ова е дрзок и безобразен меѓународен скандал, бидејќи како акт, платформата е инспирирана и напишана во Тирана, а според содржината и барањата што ги содржи е целосно спротивна на Рамковниот договор од 2001-та и Уставот на Република Македонија. Нуди редефинирање на Македонија, и тоа уставно редефинирање. Таа е грозоморен заговор против разумот, против логиката (на демократијата од 21от век) и вистината (за Македонија како унитарна, независна и самостојна држава). Следствено, таа, платформата е и антидржавна. Сите овие непобитни факти се Ахиловите петици на платформата. Да не заборавиме дека Македонија е состојба на умот. На секој Mакедонец поединечно, и на сите Македонци заедно. Македонија е свест за нашето историско, географско, национално, државно и културно постоење, егзистирање и опстојување. Тоа значи, од една страна, свест за суверена, самостојна, демократска и социјална држава Македонија, свест за нејзината унитарност, за граѓанскиот суверенитет, за неделивоста и неотуѓивоста на државната територија, за мултикултурноста, мултиетничноста и мултиконфесиналноста на општествената заедница. А од друга страна, свест за опасноста, од двојазичност и бинационалност, од федерализација и кантонизација, вели тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top