| четврток, 6 декември 2018 |

Прво се пееше албанска химна, па противуставно се избра спикер, тоа е државен удар!

Во храмот на демократијата се пееше химната на Република Албанија, а потоа противуставно и на нелетимен начин беше избран новиот претседател на Собранието на Република Македонија. Што е тоа? Тоа е државен удар!

Ова вечерва во интервју за телевизија „Нова“ го изјави аналитичарот Сотир Костов.

– Во четвртокот се случи противуставна акција на политичарите кои сакаат да ја преземат власта – рече тој.

Костов додаде дека народот не е виновен за кризата што и се случи на Република Македонија, а влезот во Собранието беше резултат на причинско-последична врска, со исклучок на неколку поединци коишто ја надминаа границата на демократијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top