Почитувани граѓани на Република Македонија, Хунтата на власт во Македонија повторно ги апси комитите. Единствена нивна вина е што заедно со останатите навивачки групи, македонските патриотски здрузенија, граѓаните од сите градови на Македонија и припадниците на македонските заедници во светот присуствуваа на величенствената прослава за Илинден и изразија несогласување со политиките на Зоран Заев и неговата Влада во врска со промена на името Македонија, откажување од македонскиот идентитет и предавање на македонската историја во рацете на Бугарија и Грција. Тие и сите ние останати кои сме истомисленици со нив по тие прашања имаме право на несогласување, одбивање на срамната понуда за референдум со кој треба да го промениме името Македонија и да го прифатиме срамниот договор со Грција.
Имаме право на јавен протест и отпор. Знаеме дека тоа не и се бендисува на владеачката Хунта на Заев. Но и нам не ни се бендисува како тие го срамотат македонскиот народ и како сурово ја обезличуваат Македонија. Нашиот пркос кје биде уште поголем, а отпорот жесток и ќе трае додека не си го одбраниме името, идентитетот и историјата. А Хунтата нека се замисли.
Затвора уметници патриоти, притвора, прогонува и обвинува пратеници и припадници на македонските патриотски здруженија. Сега тоа го прави и со припадниците на навивачките групи, особено припадниците на Комитите. Слепа е и со помрачен ум, и не може да види и да сфати, дека таа го созадава отпорот. И за крај. И јас бев на Мечкин Камен, гордо веев знаме за 4. Илинден и истакнував пароли „Македонија, една, единствена и вечна” и „Сме биле, сме и ќе останеме Македонци”.
И јас негодував и свирев против Делегацијата на Владата на Заев, а особено против Љубе Бошковски, неговото провоцирање при доаѓањето, за време на читањето на говорот на претседателот Иванов и срамното предвремено напуштање на собирот. Не сме малоумни. Тие ја испровоцираа состојбата на револт, негодување и викање „уааа“. Престанете да ги заокружувате младите деца- навивачи од прославата и дојдете да нѐ апсите нас возрасните. Ама да знаете многу сме.
Сотир Костов
(колумната е објавена на svest.mk)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Костов: Законот е јасен и прецизен и не дозволува двосмислено референдумско прашање
-
Костов: За обвиненија се потребни докази и факти, не нарачки и нивно испорачување
-
Прво се пееше албанска химна, па противуставно се избра спикер, тоа е државен удар!
-
Сотир Костов, аналитичар: Во Македонија има лојални граѓани, но и предавници