Штетните решенија договорени во Мала Речица Заев им ги презентирал синоќа на Централен одбор на членовите на ЦО. Тој им соопштил на сопартијците дека дел од коалицискиот договор со ДУИ ќе бидат и разговорите за промена на знамето, химната и грбот на Македонија. Воедно, на осрите реакции одговорил дека знамето, грбот и химната нема да се решаваат во првата фаза, во која ќе се протурка двојазичноста на целата територија на Македонија. Тој објаснил дека промената ќе дојде во втората фаза која следува откако ќе се имплементира двојазичноста.
Истовремено, се шпекулирале и имиња на албански балисти, кои треба да се додат во текстот на химната, па така покрај Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански, химната на Република Македонија, според договорот на Заев, ќе ги воспева и Наим Фрашери, Џемо Хаса и Мефаиљ Зајази.
Со други зборови, договорот кој на Заев му обезбеди десет потписи е толку штетен за Македонија што не само што ги урива темелите на унитарната држава туку и задира длабоко во идентитетот на Македонците. По воведувањето на двојазичноста, промената на името на земјата, знамето, грбот и химната Македонија ќе престане да постои како граѓанска земја, онаква каква што е заштитена во Уставот и за каква се борел овој народ.
Заев ги информирал присутните дека ќе добие поддршка од 67 мандати, односно дека СДСМ во новата влада ќе коалицира исклучиво со албански партии. Тоа значи дека отсега натаму во донесувањето одлуки нема да се почитува волјата на 450.000 Македонци, застапувани од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.