Централниот одбор на СДСМ на денешната седница едногласно го утврди претседателот на СДСМ за манадатар за состав на новата Влада на Република Македонија.
– Чест е, моја и на СДСМ, што по скоро 11 години режим, добиваме можност да ја формираме новата демократска Влада на Р.Македонија. Нашите цврсти определби се тоа да биде реформска Влада во којашто приоритет број еден се интересите на граѓаните на Македонија! Рековме дека секој граѓанин е во центарот на нашето внимание. Се определивме за квалитетен живот на сите граѓани, во едно, праведно и правично општество за сите и се што правевме досега во оваа фаза на обезбедување на парламентарното мнозинство, беше водејки се исклучиво од тој интерес на граѓаните, согласно Уставот на Р.Македонија, рече Заев.
Заев, со неговото утврдување за мандатар за состав на новата влада, доби поддршка и овластување од Централниот одбор да влезе во преговори за владината програма и за новиот владин состав.
– Следува период во којшто ќе се посветиме на поставување на квалитетна владина програма, што ќе ја реализираат одговорни политичари, кои ќе водат реални политики, така како што избраа граѓаните на Македонија. Презедовме обврски за живот за секој човек со Планот на живот. СДСМ носи живот за сите граѓани на Македонија, рече Заев пред членовите на Централниот одбор.
Заев ги информираше членовите на ЦО на СДСМ, пратениците, претседателите на ОО, градоначалниците од редовите на СДСМ присутни на состанокот, за текот и содржината на разговорите со политички партии кои имаат добиено мандати во Собранието на Р.Македонија.
Во моментов се водат повеќе кривични постапки против Зоран Заев, кој досега е двапати аболициран за повеќемилионски криминал и обид за државен преврат. Во првиот случај беше аболициран во 2008 година од тогашниот претседател Бранко Црвенковски, кој го ослободи од судска постапка за криминал тежок осум милиони евра. Годинава, истото го стори Катица Јанева, која го повлече обвинението за предметот „Пуч“, во кој еден од обвинетите е лидерот на СДСМ Зоран Заев. Така, за првпат во светската историја човек кој е двапати аболициран со заобикување на волјата на народот и без избори, со уцени со незаконски стекнати и монтирани материјали, се дограби до власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.