| четврток, 6 декември 2018 |

Колку должат земјите во регионот: Македонија меѓу најнезадолжените

Црна Гора, Албанија и Хрватска се балканските земји кои се соочуваат со ризик од зголемување на јавниот долг, наведува Светската банка во новите Глобални економски прогнози.

Според Светската банка, Македонија е меѓу земјите кои бележта најмал вкупен јавен долг (3,4 милијарди евра, oдноснo 38 отсто од БДП). Зад нас е само Косово со 852 милиони евра јавен долг, односно 14,47 отсто од БДП, имајќи предвид и дека Косово е најнова држава во регионот.

Јавниот или државен долг го сочинуваат износите кои државата ги позајмувала за да ги финансира своите дефицити.

Јавниот долг по глава на жител, кој се добива со поделба на долгот на бројот на жители на државата, за Македонија изнесува 2599,7 евра. Помал долг по глава на жител имаат само Босна и Херцеговина и Косово, додека долгот на секој Словенец изнесува 16.500 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top