| четврток, 6 декември 2018 |

Народот нема да дозволи отсега Еди Рама да ни ја крои судбината!

Коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, поддржана од уште две албански партии со радикални политички и верски предзнак, Беса и Алијанса за Албанците значи само едно – со разнебитената Македонија ќе раководи албанскиот премиер Еди Рама, а одлуките што ќе се донесуваат во Тирана ќе ги потпишува марионетата Зоран Заев.

Албанската платформа е само почеток на крајот на Македонија, а коалицијата на СДСМ – ДУИ е продолжување на големоалбанската идеја, преку која Еди Рама ќе стигне до конечната цел.
Македонија стаса на дното на котелот во кој се заговара големоалбанската политика и оттаму може да ја извади само гневот на народот, кој секој ден се повеќе расте. Македонците со право стравуваат дека веќе немаат држава и го губат идентитетот. Кризата која повеќе од две години психички, морално и економски ги истоштуваше Македонците завршува со капитулација на државата. Народот нема да го дозволи тоа, порачуваат интелектуалците, актерите, патриотите.

-Што се однесува за платформата на таканаречените албански партии, мислам дека не станува збор за платформа на партиите на македонските Албанци, туку за политичка платформа на владата во Тирана, поради што и самото прифаќање да се разговара за неа во раководните органи на македонските политички партии (мислам на сите политички партии регистрирани во Република Македонија) е чин на велепредавство. Таа треба категорично и безусловно да се отфрли како чин на странска агресија врз уставното уредување на Република Македонија и за неа не смее да се разговара, вели академикот Ѓорѓи Поп-Атанасов во интерву за Прес 24.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top