Актуелната шампионка во Светскиот куп во алспско скијање, Лара Гут го оперира колениото, кое го повреди на штотуку завршеното Светско првенство во Сент Мориц. 25-годишната Швајцарка повредата ја заработи за време на тренингот пред трката за алпска комбинација, на СП.
Лара Гут на својот Фејсбук профил напиша дека операцијата на предните вкрстени лигаменти успешно поминала и дека сега и следи период на рехабилитација. Гут моментално со 1.023 бода се наоѓа на втората позиција во генерален пласман.
Водечка пред викендот во Кран Монтана е Американката Михаела Шифрин со 1.203 поени или сега има дури 400 повеќе од најблиската, Италијанката Софија Гоџе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.