| четврток, 6 декември 2018 |

Седум години затвор за Зумберов за силување на десетгодишно дете

Деветнаесетгодишниот Елвдини Зумберов од велешкото село Мелница е осуден на седум години затвор поради педофилија, казна која вчера ја изрече судија од основниот суд во Велес, откако тој го призна делото.

Монструозниот чин се случил на 27 јули минатата година околу 19 часот. Зумберов таа вечер го пресретнал десетгодишното дете, кое од селската продавница се враќало дома.

Гледајќи дека нема никој во близина, Зумберов го зграпчил детето и го однел во сокакот малку подалеку од неговата куќа, каде го силувал.

Детето едвај се довлекло до куќата, но од срам таа вечер не кажал ништо на родителите. Дури утредента неговата мајка забележала дека тој чудно се однесува.

Бил исцрпен и тешко се движел, по што детето му признало на мајката што се случило претходната вечер. Мајката случајот истиот ден го пријавила во полицијата во Велес, која набрзо го уапсила 19-годишниот педофил.

Над злоставуваното дете е извршен лекарски преглед во болницата во Велес, а по консултација со јавен обвинител тој со мајката е испратен и на Судска медицина во Скопје.

Со измените на Законот за кривична постапка од февруари 2014 година, во Македонија е дозволена хемиска кастрација на педофили. Меѓутоа по зачестеното силување на деца, огорчените граѓани преку социјалните мрежи почнаа да бараат построги казни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top