Според листите со кандидати за пратеници за предвремените парламентарни избори и освоените 49 мандати, ова се пратениците од опозициската СДСМ, кои ќе влезат во Собранието на РМ и кои ќе го дадат својот глас за редефинирање на Македонија откако доцна синоќа ги добија потписите за мандат од ДУИ.
Прифаќајќи ја Албанската платформа, Зоран Заев и СДСМ ги урнаа темелите на унитарна Македонија.
Изборна единица 1:
Стево Пендаровски – Скопје
Рената Дескоска – Скопје
Дамјан Манчевски – Скопје
Стефан Богоев – Скопје
Павле Богоевски – Скопје
Диме Велковски – Скопје
Тања Прентовиќ – Скопје
Ивана Туфегџиќ – Скопје
Петар Атанасов – Скопје
Анета Симеска – Скопје
Изборна единица 2:
Оливер Спасовски – Куманово
Фросина Ременски – Крива Паланка
Мухамед Зекири – Скопје
Ферид Мухиќ – Скопје
Максим Димитриевски – Куманово
Курто Дудуш – Скопје
Весна Илиевска – Скопје
Тања Ковачев – Скопје
Изборна единица 3:
Љупчо Николовски – Крива Паланка
Благоја Бочварски – Штип
Јагода Шахпаска – Битола
Панче Иванов – Велес
Сашко Костов – Кочани
Мира Стојчевска – Битола
Славица Митева – Виница
Агим Муртезанов – Чашка
Владо Милошев – Штип
Изборна единица 4:
Зоран Заев – Струмица
Хари Локвенец – Прилеп
Катерина Кузмановска – Струмица
Кокан Јаневски – Струмица
Кети Смилевска – Охрид
Бетиане Китев – Скопје
Сашко Поцков- Гевгелија
Милевка Георгиевска – Радовиш
Мери Лазарова – Кавадарци
Сашко Атанасов – Василево
Изборна единица 5:
Радмила Шекеринска – Скопје
Александар Кирацоски – Битола
Томислав Тунтев – Охрид
Васко Ковачевски – Битола
Ирена Стефковска – Скопје
Јован Митрески – Струга
Жаклина Лазаревска – Охрид
Албина Манчевска – Ресен
Ирена Ангелевска Лазароска – Скопје
Изборна единица 6:
Петре Шилегов – Скопје
Ѓулумсер Касапи- Тетово
Благојче Трпески – Гостивар
Платформа на албанските партии
1. Постигнување целосна рамноправност во согласност со Охридскиот договор и Уставот
- Правилно спроведување на принципот на мултиетничноста во Уставот на РМ, каде што Албанците се сметаат за државотворна нација, поддржување секаква правна и уставна иницијатива што ja засилува националната рамноправност за албанското население.
- Постигнување целосна јазична еднаквост, употребата на албанскиот јазик на сите нивоа на власта и гаранција за неговата примена како фундаментално и уставно право. Уставот на Република Македонија треба да утврди дека „македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и албанскиот јазик со неговото писмо се официјални јазици во Република Македонија”.
- Сеопфатна дебата за знамето, химната и за државниот грб на Република Македонија, со цел државните симболи да ја рефлектираат општествената мултиетничност и етничката рамноправност.
- Усвојување резолуција во Собранието на Република Македонија со која се осудува геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 година до 1956 година.
2. Постигнување економска рамноправност и општествена благосостојба, особено преку рамномерен регионален развој
- Создавање нов механизам, во форма на една државна комисија за финансирање на општините, за донесување одлуки со право за владини грантови во корист на општините.
- Создавање министерство за политички систем и за односи меѓу заедниците, како надлежен орган за почитување на правата на заедниците и за поттикнување на економскиот и на социјалниот развој во неразвиените подрачја.
- Остварување правична застапеност во органите за безбедност, војската, разузнавањето и правдата.
- Остварување правична застапеност во сите нивоа на централната власт, како и во јавните служби или претпријатија со јавни акции.
3. Засилување на владеењето на правото, како предуслов за напредок на евроатлантскиот интегративен процес
- Спроведувањето на реформите во согласност со договорот во Скопје, Препораките на Прибе, итните препораки на Европската комисија, како и препораките од пристапниот дијалог на високо ниво со ЕУ.
- Поддршка за непристрасно вршење на работата на специјалниот обвинител, без етнички и политички предрасуди.
- Целосно расчистување на прашањата и на судските постапки како „Сопот”, „Бродец”, „Монструм” и „Куманово” преку една анкетна комисија или меѓународен независен орган.
4. Создавање дух на доверба во функција на добри меѓуетнички односи како суштински елемент за политичка стабилност во земјата
- Преземање афирмативни мерки за обезбедување финансирање на албанските културни институции на централно и на локално ниво.
- Создавање една централна институција за унапредување на јазиците на заедниците, која ќе обезбеди подготовка на преведувачи, уредници и на предавачи.
5. Решавање на спорот за името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право
- Усвојување заедничка и обврзувачка резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот за името.
- Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Грција.
6. Добри односи со соседите
- Вклучување на Албанците во работната група за директни преговори со Бугарија.
- Соработка со Косово и Албанија за интегрирано гранично управување.
- Отворање на нови гранични премини.
7. Брза интеграција во НАТО и во Европската унија
-
Исполнувањето на наведените точки ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската унија.
Исполнувањето на овие цели ќе се следи преку организирање тркалезна маса на албанските парламентарни партии. Тркалезната маса на албанските парламентарни партии ќе се одвива во согласност со принципот на ротација и ќе служи како платформа за усогласување на политичкото дејствување и транспарентна комуникација со меѓународните партнери на Македонија, особено барајќи ја поддршката на Европската унија и меѓународните институции. Тркалезната маса ќе ги определи роковите за спроведување на наведените цели, во согласност со законите и Уставот на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Ситуацијата е алармантна и треба да се реагира: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата поднесоа Информација за енормното загадување на воздухот
-
Македонците ќе имаат најкраток работен век во Европа
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?