Многу депресивно ми изгледа целата ситуација. Последните преговори коишто се случуваа сега се врв на едно многу подалечно сценарио. Значи, сега имаме ние круна на едно сценарио кое е многу одделно. Веднаш кога започнаа бомбите и целата таа дестабилизација на државата, сето тоа беше еден сојуз кој беше насочен не против владата на ВМРО, туку против националниот идентитет на македонскиот народ и против македонската држава, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова проф. Виолета Ачковска.
„Од првиот момент, и сега го мислам истото, со нудењето на оваа платформа, суштината е тоа, не е ништо друго и целата таа ситуација, мене како Македонка, многу тешко ми паѓа бидејќи ние Македонците немаме држава. Ова е едно парче кое сме успеале во историјата да го направиме. И затоа можеби е присутен нашиот страв дека ние ја губиме државата, институција по институција, дел по дел“, вели Ачковска.
Во вечерашното Отворено студио на ТВ Нова на тема „Договори, преговори, има ли крај?“ дебатираа проф. Виолета Ачковска, Валентина Божиновска – претседател на комисија за односи со верски заедници, проф. Беса Арифи и политичкиот аналитичар Сотир Костов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ачковска: Мора да се спречат Тиранскиот, Софискиот и Атинскиот договор кој се погубни за Македонија
-
Ачковска: Илинден е светост на Македонците, тоа се тешки работи
-
Петровски и Ачковска на панел дискусија во кампот на Чуварите на демократијата(фото)
-
Ачковска: Македонија треба да се спаси од разнебитување