| четврток, 6 декември 2018 |

Петровски и Ачковска на панел дискусија во кампот на Чуварите на демократијата(фото)

Филип Петровски и професорката по историја Виолета Ачковска, вечерва се обратија на панел дисусијата во кампот на Чуварите на демократијата.

камп

Тие дискутираа со голем број граѓани, кои ги слушнаа нивните обраќања.

камп2

Актерите пред Владата се обидоа со насилство, со тепање полицајци, со соработка со терористички групи, со финансирање од страна на СОРОС да дојдат насилно на власт и покрај вашата волја. Основата на демократијата е еден човек еден глас. Не може Зоран Заев и насилните групи да имаат право на повеќе гласови отколку што ги има, а таа бројка се манифестираше со 200.000 гласови разлика само пред една година. Шест месеци слушаме приказни дека не биле демократски изборите минатата година, но не слушнавме ниту еден разговор, ниту еден доказ, никаков факт дека изборите не биле легитимни, дури и спротивно на тоа сите знаеме дека разликата е реална, дотолку повеќе ако се погледне разликата меѓу двата митинзи во неделата и понеделникот, истакна Петровски.

камп3

Чуварите на демократијата остануваат да кампуваат во паркот Жена борец и продолжуваат со тековно планираните активности.

камп4

камп5

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top