И самите дипломати кажуваат дека уште десет години нема да влеземе во ЕУ ако опстанеме како народ и како држава ако продолжиме со ваков тренд на разнебитување на националното ткиво, идентитет, на името, на јазикот нас за две, три години ќе не нема и така да Македонија како ваква никогаш нема да влезе во ЕУ, потенцираше професорката Виолета Ачковска во емисијата на телевизија Алфа „Без Ракавици“.
-Можеби грубо и песимистички делува но тоа е така, ова се последни моменти ако можеме ние да се избориме, да не се ратификува договорот со Бугарија во Собранието, да не влезе во сила и ако треба претседателот Ѓорѓе Иванов, дали има ингеренции јас не знам, но мора да се спречат тие погубни договори почнувајќи од Тиранскиот, Софискиот, Атинскиот заради разнебитување на македонската држава. Ова не е сечење на рака или два прста па без нив да се живее, ова е сечење на главата, јас верувам дека во Македонија има мнозинство на македонскиот народ која ќе застане во одбрана на сопственото име и идентитет, а без име и идентитет во Европа вие сте никој и ништо, вели Ачковска.
Таа прашува и доколку ние целата историја лесно ја продадеме на соседите со кое име, народ и култура ќе влеземе во Европа?
-Ако се воведе двојазичноста тоа значи дека македонскиот народ се губи и тотално се брише АСНОМ, јазикот е татковината на еден народ и ако се воведе уште еден јазик тоа веќе е федерализација на државата и се создава македонско-албанска федерација, вели Ачковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Athens voice“: „Тројанските коњи“ на Договорот Скопје-Атина, се врв на ледениот брег
-
Донев за односите со Бугарија и Грција: Ако не сте рамноправни нема преговори, тоа е наметнување
-
Миноски: Во договорот со Бугарија не се застапени македонските национални интереси
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси