| четврток, 6 декември 2018 |

Патот кон ЕУ е единствената перспектива на Западен Балкан

Директорот на Институтот за геостратешки истражување и надворешна политика при Министерството за надворешни работи Абдулкадар Мемеди, со свое обраќање учествуваше на конференцијата за Западен Балкан организирана од страна на Институтот за надворешна трговија на Унгарија  и Фондацијата Конрад Аденауер.

Нa конференцијата се зборуваше за зачувувањето на стабилноста и безбедноста на Западен Балкан.

„ЕУ колку и да е посилна или послаба, колку и да некоја земја станува членка или излегува од ЕУ,  сметам дека членството во ЕУ останува единствената како и најдобрата и најсигурната перспектива за земјите од Западен Балкан“, истакна Мемеди.

На конференцијата учествуваа претставници од сите земји од Западен Балкан, меѓу кои и добри познавачи на приликите на Балканот како Дорис Пак, поранешен пратеник во Европскиот парламент и претседател на институтот Роберт Шуман и д-р Душан Релјиќ, претседател на германскиот институт за надворешна политика  и безбедност.

На конференцијата се зборуваше и за предизвиците со кои се соочува Западниот Балкан како што е политичката криза во Република Македонија, односите на Србија со ЕУ, идното членството на Црна Гора во НАТО, како и политичката ситуација во Албанија и периодот по нејзиното членство во НАТО.

Исто така на конференцијата се дискутираа и теми како што е излегувањето на Обединетото кралство од ЕУ или Брегзит, односите ЕУ-Русија и ЕУ- Турција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top