| четврток, 6 декември 2018 |

„МакеДокс“ организира Меѓународна конференција „Аудио‐визуелно образование ‐ иднина или сегашност“ во МКЦ

Меѓународната конференција „Аудио‐визуелно образование ‐ иднина или сегашност“ ќе се одржи на 11 и 12 декември 2017 година во киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар во Скопје. На Конференцијата се поканети стотина учесници, од кои 20‐тина доаѓаат од организации кои работат со документарни филмови во образованието како и наставници и ученици од неколку европски земји и околу 80 наставници, ученици, како и претставници од невладиниот сектор во нашата држава

Здружението за промоција на документаристика „МакеДокс“ организира Меѓународна конференција „Аудио‐визуелно образование ‐ иднина или сегашност“, која е завршна активност на проектот „Ние сме визуелни ‐ едукација и аудиовизуелизација на човекови права“, финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права на Европската Унија, и на проектот „МакеДокс во училница“, финансиран од страна на Националната Фондација за демократија од Вашингтон.

Меѓународната конференција „Аудио‐визуелно образование ‐ иднина или сегашност“ ќе се одржи на 11 и 12 декември 2017 година во киното „Фросина“, во Младинскиот културен центар во Скопје. На Конференцијата се поканети стотина учесници, од кои 20‐тина доаѓаат од организации кои работат со документарни филмови во образованието како и наставници и ученици од неколку европски земји и околу 80 наставници, ученици, како и претставници од невладиниот сектор во нашата држава.

На отворањето на конференцијата ќе се обрати Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и високи претставници од Делегацијата на Европската Унија, Министерството за образовнаие и наука, Бирото за развоја на образованието и Агенцијата за филм.

Проектот „Ние сме визуелни! Едукација и визуелизација на човековите права“ започна како партнерски проект меѓу „МакеДокс“, „Студиорум“ од Скопје, „Документ“ од Глазгов, Нирнбершкиот меѓународен филмски фестивал за човекови права и филмскиот фестивал „Филмови кои значат“ од Амстердам, со цел да ги унапреди човековите права во образованието преку употреба на документарни филмови. Проектот е наменет за формални и неформални едукатори, како и ученици на возраст од 12 до 16 години а настојува да ја збогати наставната програма преку креативната употреба на документарни филмови во актуелизирањето на човековите права и општествено важните прашања.

Првата фаза од проектот „Ние сме визуелни!“ заврши со публикација на образовен пакет за наставници и други едукативни чинители. Пакетот се состои од прирачник за работа, ДВД со 12 документарни филмови. Во втората фаза за која добивме поддршка од Европскиот инструмент за демократија и човекови права на Европската Комисија обучивме 139 наставници и членови на здруженија кои оваа програма ја имплементираат во 114 училишта и 11 здруженија низ од 56 градови и села низ земјата. По пат на дисеминација, бројот на наставници кои ја користат програмата е зголемен за уште 300, а бројот на млади кои се крајни корисници на проектот се проценува да достигне до 80.000 во наредниве три години.
„МакеДокс во училница“ е проект кој има за цел да ја поттикне употребата на документарни филмови во формалното образование, како и развојот на едукативни материјали кои ќе го олеснат разбирањето на темата и прашањата што овие филмови ги отвораат. Во текот на 2011 и 2012 дел од тимот на „МакеДокс“ ги истражуваше и се обучуваше за користење на аудио‐визуелни содржини во формалното и неформалното образование.

Младински културен центар во крајот на 2012 година го изготви и објави својот образовен првенец – „МакеДокс во училница“‐ образовен сет составен од 14 документарни филмови и прирачник за работа со нив, приспособен за наставата по социологија и граѓанско образование во средните училишта во земјата. Благодарение на високиот квалитет, широката прифатеност и позитивната евалуација во пилот‐фазата на проектот, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието го одобрија неговото спроведување во сите средни училишта низ земјата.
Во текот на 2013/2014 година „МакеДокс“ успеа да обучи 122 професори по социологија и граѓанско образование коишто ја спроведуваат оваа програма во 62 средни училишта во 25 градови. Во 2017 година издадовме второ издание на „МакеДокс во училница“ со нови 9 филмови и предлог активности за работа со нив.
„МакеДокс“ е здружение на граѓани кое има за цел да го промовира и стимулира креативното документарно филмско творештво. Основано е во Скопје во 2010 година. Во изминатите осум години прикажавме преку 350 креативни документарни филмови на околу 60.000 посетители на меѓународниот фестивал за креативен документарен филм „МакеДокс“ во Скопје; на околу 7.700 посетители на нашите проекции од Патувачкото кино во 58 населени места и села; на околу 1.500 ученици од основните училишта во Скопје кои ја следеа програмата за деца и млади во Кинотеката во Скопје; на 300 наставници од основните и средните училишта низа цела земја кои користат документарни филмови во наставата и околу 80.000 ученици кои гледаат документарни филмови на часови. Овие бројки го прикажуваат само квантитавните резултати на работата и посветеноста на тимот на „МакеДокс“ во временска рамка од само 8‐ годишно постоење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top