| четврток, 6 декември 2018 |

Конференција за спа туризам и туристичка берза во Скопје

На 5 и 6 декември во хотел Буши ресорт и спа, во Скопје, ќе се одржат Конференција за СПА туризам и ТРЕТАТА Туристичка берза 2018, во организација на Министерството за економија и Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија.

Конференцијата под мотото „Сите сме дел од истата туристичка приказна“, која ќе стартува на 5 декември во 11 часот ќе ја отворат државниот секретар на Министерството за економија Зоран Павловски и претседателот на УО на Асоцијација за дојдовен туризам на Македонија Влатко Суљев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top