| четврток, 6 декември 2018 |

Младо момче со рана во стомак пронајдено во својот дом

Вчера во 13.30 часот во с.Зрновци, Кочанско, во бањата од сопствената куќа бил пронајден К.Г. (24) со убодна рана од нож во пределот на стомакот.

Истиот во несвест е пренесен во Општа болница Кочани, од каде што, поради сериозноста на повредите, бил пренесен во Клинички центар Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top