| четврток, 6 декември 2018 |

Маж со пиштол во рака лежел во парк во Штип

Маж кој лежи на тревната површина од паркот Суитлак на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ и во рацете држи пиштол, бил пријавен вчера попладне.

– Лицето со возило на Брза помош е пренесено во Клиничка болница – Штип, каде што од страна на дежурен лекар е константирано изместување на лактот на раката, а по санирање на повредата ќе биде задржан на психијатриското одделение при Клиничка болница Штип, информираат од полицијата.

Од страна на полициски службеници во СВР-Штип константирано е дека станува збор за Р.П.(43) од Штип.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top