Сплит и околината вчера ги зафати невреме во кое загина младо момче. Како што пренесуваат хрватските медиуми, момчето го погодило гром додека излегувало од морето во местото Мутограс.
Брзата помош за жал ништо не можела да направи.
Очевидци на несреќата за „Слободна Далмација“ рекле дека со момчето имало и девојка со која заедно биле во водата, но не е повредена.
-Гром удри во морето, слушнав крик и тогаш сфатив дека се случила трагедија- изјави сведок за хрватскиот портал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.