| четврток, 6 декември 2018 |

Арнаудов: ВМРО е преторијанската гарда на македонскиот народ

Низ исто­ри­ја­та се по­ка­жа­ло де­ка ко­га тре­ба да ѝ на­ште­тиш на Ма­ке­до­ни­ја, пр­во тре­ба да го сре­диш ВМРО, ама по­ра­ди на­ши­от ка­ра­ктер и вер­ба, тоа е не­воз­мож­на ми­си­ја. Се оби­де­ле и мно­гу по­моќ­ни, по­сил­ни и по­па­мет­ни да удрат на ВМРО и на Ма­ке­до­ни­ја, и за­вр­ши­ле та­му ка­де што им е ме­сто­то – по­ра­зе­ни до но­га, ве­ли Ар­на­у­дов

Вбро­ју­ва­ње­то на на­ши­те гла­со­ви на сме­тка­та на СДСМ е не­о­држ­ли­во би­деј­ќи ние, а и оста­на­ти­те од тре­ти­от блок, на сво­и­те на­ста­пи во кам­па­ња­та се прет­ста­вив­ме ка­ко по­се­бен по­ли­тич­ки суб­јект и на­ши­от број гла­со­ви ни при­па­ѓа са­мо нам, ве­ли за „Ре­пуб­ли­ка“ Лам­бе Ар­на­у­дов, член на Из­врш­ни­от ко­ми­тет на ВМРО-НП и најб­ли­зок со­ра­бот­ник на Љуб­чо Ѓе­ор­ги­ев­ски. Тој ја отфр­ла те­за­та на За­ев де­ка це­ла­та опо­зи­ци­ја стои зад не­го и зад не­го­ви­те од­лу­ки и ре­а­ги­ра на сѐ по­че­сти­те зло­у­по­тре­би на гла­сач­ко­то те­ло на пар­ти­ја­та од стра­на на СДСМ. Ар­на­у­дов ве­ли де­ка ВМРО-НП ка­те­го­рич­но е про­тив ме­ну­ва­ње­то на уни­тар­ни­от ка­ра­ктер на др­жа­ва­та и, осо­бе­но, про­тив ал­бан­ска­та пла­тфор­ма ко­ја го ури­ва Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор. Тој исто­вре­ме­но им по­ра­ча на исто­мис­ле­ни­ци­те на­вре­ме да спре­чат да не дој­де нај­ло­шо­то, а во пре­срет на го­ле­ми­от хри­сти­јан­ски праз­ник Пок­ла­ди – Проч­ка ги по­ви­ка да си по­да­дат ра­це за ме­ѓу­себ­но про­сту­ва­ње и оп­што по­ми­ру­ва­ње. Спо­ред не­го, ид­ни­на­та не ни е суд­бин­ски пре­до­дре­де­на, ту­ку е плод на од­лу­ки­те што ги до­не­су­ва­ме де­нес.

 

По­ми­наа два и пол ме­се­ца од из­бо­ри­те. На­пра­ви­вте ли вна­тре­пар­ти­ска ана­ли­за? Не до­би­вте ни­ту ед­но пра­те­нич­ко ме­сто иа­ко оче­ку­ва­вте 15, но осво­и­вте 25.000 гла­са, а со тоа ус­пе­а­вте да ѝ од­зе­ме­те не­кол­ку пра­те­ни­ци на ВМРО-ДПМНЕ. За­до­вол­ни ли сте од по­стиг­на­то­то?

АР­НА­У­ДОВ: ВМРО-На­род­на пар­ти­ја во ко­ја би­ло фор­ма да из­ле­зе на из­бо­ри, са­ма или во ко­а­ли­ци­ја, ни­ко­гаш не го пра­ви тоа за не­ко­му да на­ште­ти, на­про­тив тоа е мож­ност за да ги афир­ми­ра­ме на­ша­та по­ли­тич­ка пла­тфор­ма и про­гра­ма со кои ќе ги убе­ди­ме гла­са­чи­те да ни да­дат ман­дат, а ние да ги оправ­да­ме нив­ни­те оче­ку­ва­ња.

За овие из­бо­ри имав­ме по­ве­ќе оп­ции. За жал, ка­ко што се по­ка­жа по­доц­на, из­брав­ме да оди­ме ка­ко трет блок би­деј­ќи сон­да­жа­та на те­ре­нот по­ка­жу­ва­ше де­ка има про­стор за та­кво дејс­тву­ва­ње.

И по­крај тоа што осво­ив­ме 25.000 гла­са, кои се на­ши тра­ди­ци­о­нал­ни, не сме ги зе­ма­ле од ни­ко­го, не ус­пе­ав­ме да осво­и­ме пра­те­нич­ко ме­сто. Ма­ла уте­ха за нас прет­ста­ву­ва тоа што и на­та­му оста­нав­ме тре­та по­ли­тич­ка оп­ци­ја во ма­ке­дон­ски­от по­ли­тич­ки блок, што об­је­ктив­но е мно­гу да­ле­ку за да ни при­чи­ни за­до­волс­тво.

Ме­ѓу­тоа, со­се­ма е точ­но би­деј­ќи број­ки­те, кои се не­по­бит­ни фа­кти, по­ка­жу­ва­ат де­ка до­кол­ку ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-На­род­на пар­ти­ја оти­деа за­ед­но на из­бо­ри­те, ре­зул­та­ти­те ќе беа со­се­ма по­и­на­кви во ко­рист на таа ко­а­ли­ци­ја. Во три из­бор­ни еди­ни­ци ВМРО-ДПМНЕ ќе има­ше уште по еден пра­те­ник по­ве­ќе од СДСМ, а во пет­та­та из­бор­на еди­ни­ца по еден по­ве­ќе од Бе­са, што пра­ви 55 ман­да­ти за ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-На­род­на пар­ти­ја, 46 за СДСМ и 4 за Бе­са. Ако на тоа го до­да­де­ме и пси­хо­ло­шки­от ефект што ќе се ма­ни­фе­сти­ра­ше на оп­шта­та из­бор­на ат­мо­сфе­ра, Ма­ке­до­ни­ја ве­ќе одам­на ќе има­ше Вла­да.

За нас оста­ну­ва да ја рас­чи­сти­ме ди­ле­ма­та да­ли гла­са­чи­те кри­во ни ка­жу­ва­ат или ние по­греш­но ги раз­би­ра­ме.

Lambe-Arnaudov-int234-4

Иа­ко не учес­тву­ва­те во пре­го­во­ри­те и во па­за­ре­ња­та за фор­ми­ра­ње но­ва вла­да, при­сут­ни сте по­стиз­бор­но на по­ли­тич­ка­та сце­на ка­ко дел од опо­зи­ци­ска­та ко­ре­о­гра­фи­ја. Ба­рем та­ка ве прет­ста­ву­ва­ат опо­зи­ци­ски­те ме­ди­у­ми ко­га си пра­ват ве­се­ла ма­те­ма­ти­ка со 612.000 опо­зи­ци­ски гла­са со кои му да­ва­ат блан­ко-под­др­шка на За­ев да ја рас­про­да­ва др­жа­ва­та. Стои ли ВМРО- НП зад од­лу­ки­те на За­ев осо­бе­но ко­га пре­го­ва­ра за ал­бан­ска­та пла­тфор­ма?

АР­НА­У­ДОВ: ВМРО-На­род­на пар­ти­ја ве­ќе по­дол­го вре­ме дејс­тву­ва ка­ко опо­зи­ци­ска пар­ти­ја со свој пре­поз­нат­лив про­фил и иден­ти­тет, кој е по­дед­на­кво кри­ти­чен и кон вла­ста и кон опо­зи­ци­ска­та СДСМ. Вбро­ју­ва­ње­то на на­ши­те гла­со­ви на сме­тка­та на СДСМ е не­о­држ­ли­во би­деј­ќи ние, а и оста­на­ти­те од тре­ти­от блок, на сво­и­те на­ста­пи во кам­па­ња­та се прет­ста­вив­ме ка­ко по­се­бен по­ли­тич­ки суб­јект и на­ши­от број гла­со­ви ни при­па­ѓа са­мо нам. Хи­по­те­тич­ки по­ста­ву­вам ед­но пра­ша­ње, ако СДСМ има­ше 51 пра­те­ник, а оста­на­ти­те и по­ве­ќе од 700.000 гла­са, да­ли ва­ка ќе ре­зо­ни­ра­ше. Си­гу­рен сум не. Ина­ку, за­што беа тол­ку еу­фо­рич­ни нив­ни­те прос­ла­ви по пр­вич­ни­те ре­зул­та­ти од из­бо­ри­те или уште по­ве­ќе зо­што тол­ку же­сто­ко се бо­реа за по­стиз­бо­рен ин­же­не­ринг и прег­ла­су­ва­ње са­мо за ед­но пра­те­нич­ко ме­сто.

ВМРО-НП стои зад од­лу­ки­те са­мо на сво­и­те пар­ти­ски ор­га­ни и на ли­де­рот Љуб­чо Ѓе­ор­ги­ев­ски, а ни­ка­ко зад ко­ја би­ло од­лу­ка на За­ев, а нај­мал­ку за ал­бан­ска­та пла­тфор­ма.

 

При­фа­ќа­те ли бри­ше­ње на уни­тар­ни­от ка­ра­ктер на др­жа­ва­та и во­ве­ду­ва­ње гра­ѓан­ски кон­цепт, ка­ко што за­го­ва­ра­ат СДСМ и Со­ро­со­ви­те нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции?

АР­НА­У­ДОВ: Во пре­ам­бу­ли­те на си­те по­ли­тич­ки пар­тии од ма­ке­дон­ски­от блок стои де­ка ќе се за­ла­га­ат за уни­тар­на Ма­ке­до­ни­ја, што е ос­тва­ру­ва­ње на ве­ков­ни­от сон за не­за­вис­на сопс­тве­на др­жа­ва, па та­ка и во пре­ам­бу­ла­та од ста­ту­тот на ВМРО–НП глав­но ме­сто за­зе­ма уни­тар­ни­от ка­ра­ктер на др­жа­ва­та и сме­та­ме де­ка уни­тар­на­та др­жа­ва во ни­кој слу­чај не ги за­гро­зу­ва чо­ве­ко­ви­те пра­ва и сло­бо­ди, на­про­тив мно­гу по­ве­ќе ги афир­ми­ра откол­ку што тоа е пред­ви­де­но со гра­ѓан­ски­от кон­цепт. Мно­гу европ­ски др­жа­ви има­ат уни­та­рен ка­ра­ктер, а исто­вре­ме­но гра­ѓа­ни­те на тие др­жа­ви ги ужи­ва­ат нај­го­ле­ми­те чо­ве­ко­ви пра­ва и сло­бо­ди. А, овие, спо­ме­на­ти­те во ва­ше­то пра­ша­ње се до­ка­жа­ни за­гро­зу­ва­чи на де­мо­крат­ски­те про­це­си и на чо­ве­ко­ви­те пра­ва.

 

Тие што ги ко­ри­стат гла­со­ви­те на ВМРО-НП за сво­ја­та по­ли­тич­ка аген­да и цел, во исто вре­ме се за­ка­ну­ва­ат и со дев­мро­и­за­ци­ја. Ка­де се гле­да­те Вие и чле­но­ви­те на ВМРО-НП? Ме­ѓу ин­кви­зи­то­ри­те или ме­ѓу жр­тви­те?

АР­НА­У­ДОВ: Мо­јот жи­вот не е ка­ко на оста­на­ти­те и за­тоа јас не сум ка­ко дру­ги­те. Ни­ко­гаш не сум го из­би­рал по­лес­ни­от пат, да се свр­там и да по­бег­нам, се­ка­ко во мо­јот ка­ра­ктер по­ве­ќе ќе пре­поз­на­е­те чо­век што са­ка да на­пра­ви не­што, да при­до­не­се или да соз­да­де ри­зи­ку­вај­ќи при­тоа и да на­пра­ви гре­шки, но, се­пак, по­до­бро тоа откол­ку да оста­нам не­вид­лив. Со тоа над­во­реш­ни­от сло­бо­ден свет да ми се пре­тво­ри во тем­на зан­да­на, а јас да ужи­вам во али­би-сло­бо­да за­ро­бе­на во мо­јот те­ле­сен ок­лоп.

Зо­што дев­мро­и­за­ци­ја? Су­ве­ре­на, са­мо­стој­на, не­за­вис­на, де­мо­крат­ска и прос­пе­ри­тет­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја е иск­лу­чи­тел­но де­ло на ВМРО-ДПМНЕ од 1991 го­ди­на. ВМРО е пре­то­ри­јан­ска­та гар­да на ма­ке­дон­ски­от на­род и на ма­ке­дон­ска­та др­жа­ва. Вмров­ци­те, ка­ко и дру­ги­те што да­ва­ат, не­кои мал­ку, не­кои по­ве­ќе, не­кои мно­гу, се раз­ли­ку­ва­ат од оста­на­ти­те по тоа што тие да­ва­ат сѐ. Тие ни­ко­гаш не се из­мо­ру­ва­ат од да­ва­ње­то за сво­ја­та та­тко­ви­на. Гра­ма­тич­ки­от тер­мин „гра­да­ци­ја“, го­лем, по­го­лем, нај­го­лем, за вмров­ци­те не ва­жи. Ед­но­став­но, или си вмро­вец или не си. Си­те ви­стин­ски вмров­ци се исти. Ние ни­ко­гаш не­ма да би­де­ме ни ме­ѓу ин­кви­зи­то­ри­те ни­ту ме­ѓу жр­тви­те, ние ќе оста­не­ме са­мо она што сме и без за­ста­ну­ва­ње ќе про­дол­жи­ме да си ја вр­ши­ме на­ша­та ра­бо­та во ко­ја без­гра­нич­но ве­ру­ва­ме.

Се­га мис­лам де­ка на си­те им е јас­но зо­што дев­мро­и­за­ци­ја за­тоа што тоа ка­ко про­из­вод го има нај­страш­но­то – де­ма­ке­до­ни­за­ци­ја. Низ исто­ри­ја­та се по­ка­жа­ло де­ка ко­га тре­ба да ѝ на­ште­тиш на Ма­ке­до­ни­ја, пр­во тре­ба да го сре­диш ВМРО, ама по­ра­ди на­ши­от ка­ра­ктер и вер­ба, тоа е не­воз­мож­на ми­си­ја. Се оби­де­ле и мно­гу по­моќ­ни, по­сил­ни, по­па­мет­ни да удрат на ВМРО и на Ма­ке­до­ни­ја, и за­вр­ши­ле та­му ка­де што им е ме­сто­то – по­ра­зе­ни до но­га.

Lambe-Arnaudov-int234-2

Во ед­на ко­лум­на але­го­рич­но ќе им се обра­ти­те на тие што се оби­ду­ва­ат да ги по­де­лат вмров­ци­те да не ба­ра­ат ов­ци ме­ѓу ла­во­ви. Во еден по­ши­рок кон­текст, кол­ку „ов­ци“ има ме­ѓу Ма­ке­дон­ци­те што во овие опас­ни вре­ми­ња од­лу­чи­ја да рип­нат во пре­гра­тки­те на не­при­ја­те­лот?

АР­НА­У­ДОВ: Од по­че­то­кот на 19 век, ко­га поч­на про­це­сот на еруп­тив­но соз­да­ва­ње на­ци­о­нал­ни др­жа­ви, ма­ке­дон­ски­от на­род го сле­де­ло ед­но те­шко прок­лет­ство де­ка е на­род кој ни­ко­гаш не про­пу­штил мож­ност, а да не про­пу­шти мож­ност. Во 1991 го­ди­на фу­ри­оз­но го раз­бив­ме тоа прок­лет­ство и ја збри­шав­ме мрач­на­та ана­те­ма ко­ја не зна­е­ме кој и зо­што ни ја фр­ли. Пол­ни со елан, тр­пе­ли­во, Ми­ке­лан­ге­лов­ски ја гра­дев­ме на­ша­та ста­туа на сло­бо­да­та, де­мо­кра­ти­ја­та, су­ве­ре­но­ста, не­за­вис­но­ста и оп­шти­от прос­пе­ри­тет пре­то­че­ни во ли­кот на не­за­вис­на Ма­ке­до­ни­ја.

Пос­лед­ни­те две-три го­ди­ни по­втор­но над нас се над­ви исто­то прок­лет­ство, Ма­ке­до­ни­ја од­на­тре под­ја­де­на од по­диз­ве­ду­ва­чи, по­ли­тич­ки изед­ни­ци и тер­ми­ти и лу­стри­ра­ни ко­до­ши, осве­до­че­ни не­при­ја­те­ли на ма­ке­дон­ски­от на­род, а од­над­вор пре­кро­е­на од раз­ни про­би­све­ти, ме­ше­та­ри пол­ни со не­чес­но за­ра­бо­те­ни па­ри. Јас про­из­ле­гу­вам од ВМРО и му при­па­ѓам на ВМРО. За­тоа си да­вам за пра­во да се обра­там пр­во на мо­и­те исто­мис­ле­ни­ци, а и на оние што не се чле­но­ви на на­ша­та пар­ти­ја и че­сто зна­ат да ка­жат де­ка си­те Ма­ке­дон­ци во се­бе се ВМРО. Да ги по­тсе­там да на­пра­ви­ме не­што што е во на­ша моќ и до­де­ка е вре­ме да ре­а­ги­ра­ме со си­те де­мо­крат­ски и ци­ви­ли­зи­ра­ни средс­тва да спре­чи­ме да дој­де до нај­ло­шо­то. Во пре­срет на го­ле­ми­от хри­сти­јан­ски праз­ник Пок­ла­ди – Проч­ка ве по­ви­ку­вам си­те за­ед­но да си ги по­да­де­ме ра­це­те на ме­ѓу­себ­но про­сту­ва­ње и оп­што по­ми­ру­ва­ње. Про­сту­ва­ње­то ги раз­о­ру­жу­ва гне­вот, омра­за­та и од­маз­да­та. Про­сту­ва­ње­то е ем­бри­он на де­мо­кра­ти­ја­та и мај­ка на ци­ви­ли­за­ци­ја­та. Про­сту­ва­ње­то ши­ро­ко ги отво­ра вра­ти­те и на оп­што­то по­ми­ру­ва­ње. Но, по­ми­ру­ва­ње­то не е мож­но ако при тоа пр­ви не се по­ми­рат жр­тви­те. Ова е мо­мент за дејс­тву­ва­ње би­деј­ќи ко­ли­чес­тво­то не­га­тив­на енер­ги­ја е на пра­гот да ја до­стиг­не кри­тич­на­та ма­са чи­ја­што ве­риж­на ре­ак­ци­ја не ќе мо­же­ме да ја кон­тро­ли­ра­ме. Ако не го на­пра­ви­ме ова, не ни бе­га оде­ње­то во Ка­на­та. Ова го сим­бо­ли­зи­ра нај­те­шко­то и нај­горч­ли­во по­ка­ју­ва­ње на греш­ни­ци­те. Тоа е све­ти­ли­ште не­ка­де во пла­нин­ски­от дел на се­ве­рот од Апе­нин­ски­от По­лу­о­стров, ка­де што нај­го­ле­ми­те моќ­ни­ци, ца­ре­ви, кра­ле­ви, кне­зо­ви, те­шки греш­ни­ци од сред­ни­от век по три де­на без хра­на и во­да ко­ле­ни­че­ле во дла­бок снег ис­по­ве­ду­вај­ќи по­ка­ја­ние и ба­рај­ќи про­сту­ва­ње на нив­ни­те гре­во­ви. Про­сту­ва­ње­то за гре­вот пред кој ние сме ис­пра­ве­ни не пра­веј­ќи ни­што за се­бе и за на­ши­те ид­ни ге­не­ра­ции не­ма да ни би­де ус­ли­шен ма­кар и цел жи­вот си­те за­ед­но да ко­ле­ни­чи­ме ко­ле­ктив­но. Овој грев и гре­вот на Ју­да се единс­тве­ни за кои не­ма опро­сту­ва­ње, а и каз­на­та е иста.

Ов­ци­те од по­ши­ро­ко­то па­си­ште са­ми ќе из­бе­га­ат, ние ќе ги по­тур­не­ме, а ка­ко бе­ско­рис­ни на тие што ќе им ги да­де­ме, ќе им обез­бе­ди­ме и со­од­вет­но обес­ште­ту­ва­ње.

Lambe-Arnaudov-int234-3

Зо­што, спо­ред Вас, фо­ку­сот на ме­ѓу­пар­ти­ски­те пре­го­во­ри за фор­ми­ра­ње вла­да е ста­вен на ал­бан­ска­та пла­тфор­ма, а не на про­гра­ми­те со кои на­ста­пи­ја пар­ти­и­те и ко­а­ли­ци­и­те на из­бо­ри­те?

АР­НА­У­ДОВ: Мно­гу раз­бир­ли­во. По­втор­но глав­на­та цел е ВМРО да се исфр­ли од игра. Играј­ќи на кар­та­та на на­ци­о­нал­ни­от бе­лег, на вмров­ски­те пар­тии им се ну­ди пла­тфор­ма ко­ја не е при­фат­ли­ва за нив. Иа­ко но­си име на ал­бан­ска пла­тфор­ма, де­но­ви­ве ко­га ги разг­ле­ду­вав точ­ки­те со­др­жа­ни во неа, си­те без иск­лу­чок ги пре­поз­нав во пре­диз­бор­на­та, из­бор­на­та и по­стиз­бор­на­та кам­па­ња на гос­по­ди­нот Зо­ран За­ев. Кој на ко­го му ди­кти­рал и јас не знам. Ме­ѓу­тоа, сме­там де­ка ос­нов­ни­от де­фект со кој се раз­го­реа ме­ѓу­на­ци­о­нал­ни­те стра­сти во Р. Ма­ке­до­ни­ја е тоа што За­ев ги за­о­би­ко­ли ле­ги­тим­ни­те прет­став­ни­ци на по­ли­тич­ки­от жи­вот во Ма­ке­до­ни­ја, осо­бе­но ДУИ и нив­ни­от ли­дер Али Ах­ме­ти.

Тој од­бра пр­во да се прет­ста­ви со сво­ја­та про­гра­ма ко­ја во ни­што не се раз­ли­ку­ва од ал­бан­ска­та пла­тфор­ма на обе­ди­не­та­та ал­бан­ска ди­јас­по­ра. Мис­лам де­ка ќе бе­ше по­до­бро оваа ра­бо­та да се за­вр­ше­ше на до­ма­шен те­рен.

 

Мож­но ли е да се фор­ми­ра вла­да ко­ја ќе при­фа­ти ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, це­лос­на дво­ја­зич­ност и как­во би­ло ме­ну­ва­ње на на­ци­о­нал­ни­те сим­бо­ли и иден­ти­тет­ски обе­леж­ја на ма­ке­дон­ски­от на­род?

АР­НА­У­ДОВ: Ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, це­лос­на дво­ја­зич­ност, ме­ну­ва­ње на на­ци­о­нал­ни­те сим­бо­ли и на иден­ти­тет­ски­те обе­леж­ја се тер­ми­ни кои се од уста­вен ка­ра­ктер на се­ко­ја др­жа­ва. За нив­но спро­ве­ду­ва­ње е по­тре­бен по­ви­сок сте­пен на де­мо­крат­ско од­лу­чу­ва­ње. Ни­ед­на вла­да и со ни­кој за­кон не мо­же да го спро­ве­де тоа.

Јас ка­ко пра­те­ник во Со­бра­ни­е­то на Р. Ма­ке­до­ни­ја учес­тву­вав во ра­бо­та­та на устав­на­та ко­ми­си­ја. Со­др­жи­на­та на Уста­вот, кој во ос­нов­ни­от текст има са­мо 134 чле­на, е мно­гу лес­на за тол­ку­ва­ње. Проб­ле­мот на­ста­ну­ва то­гаш ко­га до­а­ѓа вре­ме на устав­на при­ме­на. При мо­ја­та си­му­ла­ци­ја, за за­ко­ни­те пред­ви­де­ни од ал­бан­ска­та пла­тфор­ма да ста­нат дел од Уста­вот, беа по­треб­ни по­ве­ќе од 200 аманд­ма­ни. Би­деј­ќи се­ко­ја ин­тер­вен­ци­ја на член на Уста­вот по ге­о­ме­три­ска про­гре­си­ја ба­ра ин­тер­вен­ци­ја и на оста­на­ти­те слич­ни и по­вр­за­ни чле­но­ви.

Не знам кој ко­го са­ка да над­му­дри? Да­ли За­ев да ги из­не­ве­ри ал­бан­ски­те пар­тии или ал­бан­ски­те пар­тии да ги из­не­ве­рат сво­и­те гла­са­чи, да ја на­вре­дат обе­ди­не­та­та ал­бан­ска ди­јас­по­ра и тру­дот на ал­бан­ски­от пре­ми­ер Еди Ра­ма да го на­пра­ват за­лу­ден.

Ова е не­што што ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни нај­мал­ку го по­са­ку­ва­ат.

 

По­треб­на ли е ма­ке­дон­ска пла­тфор­ма што ќе ги шти­ти ма­ке­дон­ски­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си?

АР­НА­У­ДОВ: Сме­там де­ка во овој мо­мент не е по­треб­на ва­ква ма­ке­дон­ска пла­тфор­ма за­тоа што ма­ке­дон­ски­те на­ци­о­нал­ни ин­те­ре­си стро­го се за­шти­те­ни со Уста­вот и со за­ко­ни­те во Р. Ма­ке­до­ни­ја и си­те пар­тии до­се­га го пра­ве­ле тоа ус­пеш­но, се­ко­ја на свој на­чин, а ни­ка­ко на ште­та на оста­на­ти­те ен­ти­те­ти во Р. Ма­ке­до­ни­ја, по­себ­но кон најм­но­гу­број­ни­от, ал­бан­ски­от. Со евен­ту­ал­но се­га до­не­се­на пла­тфор­ма би го не­ги­ра­ле се­то тоа што дoсе­га сме го на­пра­ви­ле. Исто та­ка, сме­там де­ка за­ко­нот за ак­ци­ја и ре­ак­ци­ја е бла­го­ро­ден ко­га се упо­тре­бу­ва во фи­зи­ка­та, а во по­ли­ти­ка­та не но­си ни­што до­бро.

Lambe-Arnaudov-int234-5

Бе­вте еден од ди­рект­ни­те учес­ни­ци во пре­го­во­ри­те за пот­пи­шу­ва­ње на Рам­ков­ни­от до­го­вор. Ал­бан­ска­та пла­тфор­ма де­нес ди­рект­но го ури­ва тој до­го­вор, а не­го­ви­те га­ран­ти упор­но мол­чат. Ве из­не­на­ду­ва ли мол­кот на га­ран­ти­те на До­го­во­рот?

АР­НА­У­ДОВ: Мол­кот на га­ран­ти­те на До­го­во­рот во­оп­што не ме из­не­на­ду­ва. Тие што се­га мол­чат, мол­чеа и во Охрид за вре­ме на од­ви­ва­ње­то на про­це­сот на рам­ков­ни­от до­го­вор. Единс­тве­ни­от што збо­ру­ва­ше та­му, проз­бо­ри и се­га. Тоа е Љуб­чо Ѓе­ор­ги­ев­ски. Не­го­ви­от став ка­ко ли­дер на пар­ти­ја­та, де­ка Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор пре­то­чен во Уста­вот е по­ни­штен со ал­бан­ска­та пла­тфор­ма, е став и на пар­ти­ја­та. Екск­лу­зив­но ќе ви ка­жам прв­пат што се слу­чи во Охрид. Ед­но вре­ме ра­бо­ти­те поч­наа да се тр­ка­ла­ат на­до­лу на ште­та на Ма­ке­до­ни­ја, а за ни­ка­ква ко­рист на Ал­бан­ци­те. Ни­кој не ре­а­ги­ра­ше на тоа. Ве­чер­та се со­бра нај­тес­но­то ра­ко­водс­тво на пар­ти­ја­та и ли­де­рот Љуб­чо Ѓе­ор­ги­ев­ски со мно­гу сми­рен, но ре­ши­те­лен глас ре­че де­ка ќе под­не­се оста­вка на си­те др­жав­ни и пар­ти­ски функ­ции. Ре­ак­ци­ја­та бе­ше та­ква што си­те го мо­леа да не го пра­ви тоа за­тоа што тоа не е до­бро ни­ту за Ма­ке­до­ни­ја ни­ту за пар­ти­ја­та. То­гаш пре­тсе­да­те­лот од­го­во­ри: „Утре ќе за­зе­мам став со кој ќе ба­рам под­др­шка од си­те за да не го на­пра­вам ова што го ка­жав“. Утре­ден­та на ра­бо­та­та на пар­ти­ски­те де­ле­га­ции енер­гич­но по­ба­ра га­ран­ци­ја од си­те пар­тии и од ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца да се ста­ви крај на ира­ци­о­нал­ни­те ба­ра­ња и га­ран­ци­ја де­ка до­ку­мен­тот што ќе го до­не­сат ќе би­де ко­не­чен, не­про­мен­лив, без мож­ност за ни­ка­ква до­пол­ни­тел­на ин­тер­вен­ци­ја.

Та­ков е Охрид­ски­от до­го­вор во сво­јот фи­на­лен текст бла­го­да­ре­ние са­мо на Љуб­чо Ѓе­ор­ги­ев­ски, кој енер­гич­но за­ста­на во од­бра­на на ин­те­ре­си­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја.

 

Ка­ко еден од најб­ли­ски­те со­ра­бот­ни­ци на Љуб­чо Ѓе­ор­ги­ев­ски мно­гу до­бро бе­вте за­поз­на­ен со при­чи­ни­те за то­гаш­на­та кри­за, а вни­ма­тел­но ги сле­ди­те слу­чу­ва­ња­та и во оваа две­го­диш­на по­ли­тич­ка кри­за. Тол­ку ли сме сла­би ка­ко др­жа­ва да не мо­же­ме да го за­чу­ва­ме су­ве­ре­ни­те­тот од стран­ски­те ме­ше­та­ри и од до­маш­ни­те пре­дав­ни­ци?

АР­НА­У­ДОВ: Во сво­ја­та дол­го­го­диш­на исто­ри­ја ВМРО има два си­гур­ни „фи­кса“. Ед­ни­от де­ка ни­ко­гаш не би­ла не­при­ја­тел кон ал­бан­ски­от на­род и, дру­ги­от, де­ка нај­го­лем душ­ман за­ед­но со ор­ди­те на Ка­ра­џор­џе­ви­ќи ѝ се ко­му­ни­сти­те.

Ако на­пра­ви­ме па­ра­ле­ла ме­ѓу 2001 го­ди­на и де­нес, пре­диз­ви­ку­ва­чи на обе­те кри­зи се исти­те со­друж­ни­ци. Ист е те­а­та­рот, иста е сце­на­та, исти се ре­жи­се­ри­те, исти се акте­ри­те и по­втор­но иста е и жр­тва­та. Не знам што тол­ку се има огре­ше­но ВМРО и кон ал­бан­ски­те по­ли­тич­ки пар­тии и кон СДСМ за ва­кво по­вре­ме­но здру­жу­ва­ње за ос­тва­ру­ва­ње за­ед­нич­ки це­ли и на­не­су­ва­ње ште­та на дов­че­раш­ни­те со­јуз­ни­ци, а се­га за­го­вор­ни­ци. ВМРО-ДПМНЕ има си­ла да ги раз­у­бе­ди де­ка ка­ко по­бед­нич­ка пар­ти­ја не е до­бро да оста­не над­вор од мо­мен­тот на до­не­су­ва­ње су­штес­тве­но зна­чај­ни од­лу­ки за гра­ѓа­ни­те на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, а пред сѐ за ма­ке­дон­ски­от на­род. ВМРО-ДПМНЕ свес­на за сво­ја­та гре­шка што ја на­пра­ви во 2006 го­ди­на, ко­га при фор­ми­ра­ње­то на Вла­да­та ДУИ ка­ко по­бед­нич­ка пар­ти­ја оста­на над­вор од Вла­да­та иа­ко тие беа мно­гу ус­пеш­ни во ра­бо­та­та на Вла­да­та, екс­прес­но рас­пи­ша ни­ви пред­вре­ме­ни пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри во 2008 го­ди­на за да ја ис­пра­ви гре­шка­та, со што по­бед­нич­ка­та пар­ти­ја кај Ал­бан­ци­те ќе би­де при­ро­ден ко­а­ли­ци­ски парт­нер во Вла­да­та ко­ја, спо­ред бро­јот на гла­со­ви­те, бе­ше нај­го­лем прет­став­ник на вол­ја­та на ал­бан­ски­от еле­кто­рат. Мно­гу ско­ро тоа ќе го сфа­тат и со­јуз­ни­ци­те. Ид­ни­на­та не ни е суд­бин­ски пре­до­дре­де­на, ту­ку е плод на од­лу­ки­те што ги до­не­су­ва­ме де­нес. Љу­бо­вта и вер­ба­та што ги га­и­ме кон на­ша­та та­тко­ви­на нѐ пра­ват моќ­ни да упра­ву­ва­ме со на­ша­та суд­би­на, а ме­ше­та­ри­те и пре­дав­ни­ци­те на на­ши­от пат кон свет­ла ид­ни­на не­ма ни да ги за­бе­ле­жи­ме.

 

Разговараше: Ненад Мирчевски
Фото: Александар Ивановски
(Интервјуто со Ламбе Арнаудов е објавено во 234. број на неделникот Република, 24.02.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top