Редефинирање на државата, целосна двојазичност, менување на националните симболи и на идентитетските обележја се термини кои се од уставен карактер на секоја држава. За нивно спроведување е потребен повисок степен на демократско одлучување. Ниедна влада и со никој закон не може да го спроведе тоа, вели Ламбе Арнаудов, член на ИК на ВМРО НП во интервју за Република.
Арнаудов вели дека за законите предвидени со албанската платформа да станат уставни се потребни повеќе од 200 амандмани.
- Јас како пратеник во Собранието на Р. Македонија учествував во работата на уставната комисија. Содржината на Уставот, кој во основниот текст има само 134 члена, е многу лесна за толкување. Проблемот настанува тогаш кога доаѓа време на уставна примена. При мојата симулација, за законите предвидени од албанската платформа да станат дел од Уставот, беа потребни повеќе од 200 амандмани. Бидејќи секоја интервенција на член на Уставот по геометриска прогресија бара интервенција и на останатите слични и поврзани членови. Не знам кој кого сака да надмудри? Дали Заев да ги изневери албанските партии или албанските партии да ги изневерат своите гласачи, да ја навредат обединетата албанска дијаспора и трудот на албанскиот премиер Еди Рама да го направат залуден. Ова е нешто што македонските граѓани најмалку го посакуваат, вели Арнаудов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.