| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија ќе гради нова ограда долж границата со Србија

зица

-Долж 175 километри долгата унгарско­српска граница ќе се гради нова заштитна ограда, што ќе биде сместена зад веќе постоечката – најави на прес ­конференцијата во Будимпешта Лазар Јанош, шеф на кабинет на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Јанош наведе дека за таа цел се одвоени 123,5 милиони евра, јави РТС. ­Со ова се зајакнува заштитата на границата, бидејќи тоа е неопходно поради безбедноста на граѓаните, истакна Јанош. Тој потенцира дека во согласност со новите измени на законите, за азилантите ќе бидат подготвени пунктови на границите, каде ќе чекаат одоговор додека не заврши процедурата за азил. На унгарско­српската граница кон крајот на минатата година беше изградена нова, пробна ограда, со должина од десет километри, што се стави зад постоечката ограда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top