| четврток, 6 декември 2018 |

Се шетале покрај морето, се потпреле на оградата и паднале врз карпите: Момче и девојка повредени во Херцег Нови

Момче и девојка од Херцег Нови паднале од карпа кога се потпреле на оградата покрај шеталиштето која притоа пукнала зошто била скапана.

Тие со повреди се сместени во болница и за среќа не се животно загрозени.

Тие се во стабилна состојба, имаат болки, набиеници, но за среќа поминаа со полесни повреди. Момчето има мала скршеница на дланката и му е ставена лонгета. Навистина имаа многу среќа, изјавија од болницата.

Инцидентот се случил кај плажата Војнички бањи, на Шеталиштето Пет Даници, вчера околу 18 часот. Дел од оградата каде се случил инцидентот зарѓал, а само неколку дена пред тоа бил завиткан со сигнална лента.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top