Црна Гора ја разгледува можноста да постави ограда долж границата со Албанија со цел да ја запре илегалната миграција, изјави Војислав Драговиќ, началник на службата за обезбедување на црногорската државна граница.
Во текот на последните години, Црна Гора се соочува со значително зголемување на бројот на мигранти, што ја минуваат земјата за да стигнат до побогатите земји на Европската унија.
Илјадници мигранти од Африка и Блискиот Исток во текот на годината се обидуваат да стигнат до Средна Европа, користејќи ја новата балканска рута, која минува низ Грција, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, до членката на ЕУ – Хрватска.
– Во случај на поголем миграциски бран, може да направиме ограда од бодликава жица на границата со Албанија, рече Драговиќ.
Тој додаде дека албанските власти постојано одбиваа да ги примат мигрантите вратени од Црна Гора и покрај постојниот билатерален договор за реадмисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Се шетале покрај морето, се потпреле на оградата и паднале врз карпите: Момче и девојка повредени во Херцег Нови
-
Пожар избувна пред хотелот Александар Палас (Фото)
-
Орбан: Завршена втората ограда вдолж границата со Србија за запирање на емигрантите
-
Унгарија поставува втора ограда на границата со Србија