Лидерот на СДСМ Зоран Заев, во четврток не се појави во судот на закажаното рочиште за случајот „Поткуп“, затоа што ќе присуствува на доделувањето на награда за најградоначалник во Сараево.
Како што презентираше одбраната на Заев пред судот, Заев добил награда за најградоначалник на Југоисточна и Средна Европа и ќе присуствува во Сараево на врачувањето на наградата.
Рочиштето беше одложено за на 3 април. Адвокатот на Заев, Јаким Наумов во изјава за новинарите истакна дека не е изземен обвинителот Златко Биковски од обвинителството за организиран криминал и корупција.
Според одбраната Биковски е дел од „злосторничкото здружување“ на власта и од политички причини сака да му наштети на Заев како шеф на опозицијата.
Биковски, како обвинител дојде во овој случај на последното рочиште за да го замени обвинителот Владимир Милошевски кому пак му е истечен мандатот.
Денеска во судницата повторно беше присутен обвинителот Владимир Милошевски кому во меѓувреме му го продолжиле мандатот за нови шест месеци што според одбраната претставува преседан. На судењето не дојде ни сведокот Иван Николов од кого, според обвинението, Заев побарал 160.000 евра
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.