Ја забележувате ли оваа перфидија со преговорите за нова влада и како партиите (партиските врхушки) ја узурпираа улогата на Парламентот како законодавец!? Според уставот се знае кој може да предложи закон и каква е законодавната постапка – но овде, две партиски водства „чешлаат“ некаков закон, член по член, и најверојатно ќе инсистираат најнапред тој да биде изгласан од парламентарното мнозинство, а дури потоа да се избере влада, пишува професорката Билјана Ванковска на својот Фејсбук профил.
– Тоа значи дека СИТЕ пратеници се ставени во позиција на аутсајдери, кои утре (ако се договорат партиите) без многу-многу дебата ќе изгласаат закон затоа што така се договориле партиските вождови, племенски поглавици! Уште не почнал со работа, а Парламентот е мртов. (Патем исто беше и со амнестијата за воени злосторства во 2011).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.