| четврток, 6 декември 2018 |

Директна помош од 70 милиони денари за Железницата

ekonomija_vozovi

Владата на Република Македонија на последната седница донела одлука за зголемување на средствата во висина од околу 70 милиони денари на годишно ниво директна помош за оперативното работење на Железницата, соопшти Министерство за транспорт и врски. Со овие средства дополнително се зголемува финансиска помош која на месечно ниво директно се исплаќа на МЖ Транспорт. Со одлуката, како што се наведува во соопштението, се овозможува да се подобри состојбата која изминатиот период се случува во Железницата и да се помогне во деблокада на целокупниот железнички систем во земјата.

– Во насока на надминување на целокупната состојба, Владата на Република Македонија во рамки на важечките закони ќе ги исплати овие дополнителни 70 милиони денари се со цел да се разреши состојбата со блокадата од страна на вработените. Имено според законските прописи во Република Македонија, овие дополнителни средства ќе може да се исплатат ако вработените за извршената работа приложат соодветна документација за направените трошоци за да може исплатените средства да се оправдаат во буџетот на Република Македонија, стои во соопштението од Министерство за транспорт и врски.

Во заложба на разрешување на целата состојба, од Министерството апелираат до менаџерскиот тим и синдикалните организации да изнајдат решение во најбрз можен рок за да се овозможи нормално фукционирање на претпријатието. ­

– Во овој момент потребно е итно да се создадат услови за функционирање на железничкиот сообраќај за да може во рамките на законот да започне да се исплаќа државната помош кон Железница, се вели во соопштението.

Од Министерството за транспорт и врски посочуваат дека во насока на разрешување на целата состојба ќе продолжат со исплата на средства на име трансфери и субвенции кон Железница, но само во рамки на законските прописи и под услови за кои вработените мора да ги извршуваат работните обрвски кон претрпијатието. ­

– Во случај на продолжување на протестот на дел од вработените, ќе се доведе во прашање исплатата на плати за сите вработени во Железницата, а со тоа и на целокупното работење на претпријатието и само на штета на претпријатието, се додава во соопштението од Министерство за транспорт и врски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top