| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети закажа Централно претседателство на ДУИ попладнево

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети закажа состанок на Централното претседателство за попладне од 17.30 часот, на кое се очекува да се разговора за преговорите со СДСМ, за пакетот кој е дел од преговорите и за деталите од синоќешната средба меѓу Ахмети и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во меѓувреме, преговарачките тимови од двете партии заедно со експерти работат на отворените прашања во нацрт законот за албанскиот јазик.

-На средбата не раговаравме за потписи, туку за разликите кои ги имаме со СДСМ. Наскоро ќе свикам централно претседателство на коешто ќе биде донесена одлука дали ќе ги дадеме потписите на СДСМ за составување нова влада“, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети алудирајќи на потписите со кои ќе се докаже дека обезбедил поддршка од мнозинството пратеници коишто челникот на социјалдемократите Зоран Заев треба да ги достави до шефот на државата Ѓорге Иванов за да го добие мандатот за составување на нова влада повеќе од два месеца по завршувањето на предвремените парламентарни избори на 11 декември.

-Се работи за денови. На крајот одлуката ќе биде или ќе има потписи или ќе нема. Но, поприлично сме со доближени ставови да се изнајде конечно решение за тоа што се отворени прашања за кои се преговара, рече Заев по средбата во вторникот.

Состанокот во Мала Речица доаѓа по синоќешната лидерска средба на Зоран Заев и Али Ахмети во седиштето на ДУИ, каде беа усогалсени најголем дел од разликите, но сепак остана дел отворени прашања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top