| четврток, 6 декември 2018 |

„Ослободување на Скопје“ освои специјална награда од жирито на „Балкан њу фестивал“

Филмот „Ослободување на Скопје” во режија на Раде и Данило Шербеџија беше дел од филмскиот фестивал „Балкан њу фестивал“ (BaNeFF Balkan New Festival) .

Филмот е награден со специјална награда  од жирито на фестивалот, соопштија од продукцијата „Партизанс“.

Фестивалот прикажува филмови од регионот на Балканот и филмови кои третираат теми кои се  актуелни во земјите на Балканот. Фестивалот се одржа во периодот од 16-19 февруари 2017 година, во Стокхлом, Шведска.

Главните улоги во филмот ги толкуваат: Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија, Небојша Глоговац и Мико Ноусаинен.

Филмот е ко продукција помеѓу Македонија, Хрватска и Финска.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top