Германскиот претставник во Лига Европа, Шалке 04 по завршувањето на сезоната ќе го откупи договорот на Левен Конопљанка кој настапува како позајмен играч од Севилја.
Раководство на клубот од Гелзенкирхен е задоволно од она што тој го прикажува Украинецот на натпреварите во Бундеслигата, Купот на Германија и Лигата на Европа.
– Сакаме да го задржиме Конопјанка и тоа и ќе го направиме. Тој е многу значаен играч за нас. Никој во клубот не се сомнева во неговите фудбалски квалитети – рече спортскиот директор на клубот Криситијан Хајдл.
Конопљанка во Бундес лигата досега постигна 5 гола на 16 натпревари, а неофицијално Шалке ќе потроши 12 милиони евра за да го откупи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)
-
Ракитиќ откри како ја освоил убавата Ракел: Кога ја видов му реков на брат ми дека ќе ја оженам, а таа ме одби 30 пати
-
Севилја ќе ги тужи сите, од Витоло преку татко му па до Атлетико Мадрид
-
Рома ќе го спасува Сити од Самир Насри